Екипата на Тиверија Брера го освои трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција, откако попладнево со убедливи 5:0 триумфираше во финалниот натпревар одигран на стадионот во Ѓорче Петров. Струмичкиот состав забележа супериорна игра и доминираше во текот на целиот натпревар, не оставајќи простор за изненадување и соопштувајќи го својот квалитет за апсолутно заслужен […]
Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, придружуван од својот тим, соработници и општински советници, денеска присуствуваше во населеното место Куклиш на одбележувањето на празникот Свети Атанасиј и традиционалниот турнир во пеливанско борење. Настанот, кој се одржува во духот на долгогодишната традиција и како израз на почит кон празникот, и оваа година предизвика голем интерес, собирајќи […]
ПКД ,,Турија” Василево ги информира жителите од населените места во општина Василево (Василево, Градошорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија) кои со вода за пиење се снабдуваат од брана Турија, односно преку филтер станиците Ташли Баир и Добрашинци, дека водата се уште не е за употреба и пиење, по направените физичко хемиски и микробиолошки […]
На 13.05.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Г.А.(38) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот се известени јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и Центар за социјални работи Гевгелија. По документирање на случајот […]
На 12.05.2026 околу 19:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Струмица-с.Баница, на делницата од с.Вељуса до с.Баница, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(60) од Струмица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна […]
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во село Иловица, Општина Босилово, имаше средба со земјоделци од овој регион, на која се разговараше за состојбата во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците поради незаинтересираноста на Владата на ВМРО, соопштија од СДСМ. Во изјавата Филипче посочи дека сите земјоделци во државата се соочуваат со […]
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и по претходен договор со пријавениот П.Ч., […]
Градскиот плоштад во Струмица денеска беше центар за љубителите на класичниот автомобилизам, каде се одржа голем собир на стари возила во организација на здружението на граѓани „Авто клуб – Струмица Ретро Клуб“. Дел од ретро атмосферата и безвременските автомобилски класици погледнете во фотогалеријата во прилог.
Од 5 до 10 мај во Во Чалакли, Валандовско, се одржува 33 Меѓународен фестивал – Пролетни веселби ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ. Свеченото отварање е во сабота во 12 часот на фестивалската сцена во Чалакли. Истиот ден од 20:30 часот е дефилето во Струмица кое ќе го предводи Здружението за ора и песни „Фолклорна низа“, а […]
На 06.05.2026 во 14:55 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.А.(26) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 53-годишен татко. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена […]