Првата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс „Никола Младенов 2025“ ja добија Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за сторијата „Кочани – нашиот морален компромис“, тимот на емисијата „КОД“, за серијалот истражувања за пожарот во дискотеката „Пулс“ и новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка, за сторијата за тајниот сопственик на агенцијата „Рубикон“. Наградата се доделува како […]
-Веќе неколку дена упорно се пали депонијата во Босилово, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев. Додава дека во 7.00 часот денес не горела, во 7.45 горел делот кај портата. -Со крајни напори се изгасна, поручек беше потпален другиот крај позади депонијата и така неколку пати оваа недела.Мислам дека сето тоа е намерно затоа што пожарот […]
Македонија е на второ место во Европа според загадувањето на воздухот со ПМ честички, а во светот е на 34 место. Струмица и Тетово биле најзагадени градови во државата лани, а вредностите на ПМ 2,5 честичките биле пет до седум пати над дзволеното. Овие податоци се соопштени во Извештајот на „Ај-кју-ер“ за лани. Линк до […]
Ноќеска (23.03.2026) во 02:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 31-годишен жител на Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава дека на 22.03.2026 околу 23:45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга, и ѝ нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство […]
Мерката што денеска ја најави премиерот Мицкоски, да се намали ДДВ на горивата од 18% на 10% е прво задоцнета а второ е далеку од доволна и нема да придонесе за реално намалување на цените на горивата кои што граѓаните ќе ги плаќаат, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција. -Цените на горивата […]
Се соочуваме со предизвик којшто е навистина голем. Не сме ние исклучок од кризата што се случува и која е наметната поради настаните и воените конфликти на Блискиот Исток. Сите европски држави, како и земјите во светот, се соочија со ценовни шокови кај горивата, кои вртоглаво растат, како и со ризици од зголемување на цената […]
На 21.03.2026 во 13:30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода А.М.(22) од с. Прналија, радовишко. Тој во 13 часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш предизвикал сообраќајна несреќа, удирајќи во парапетен зид, паркирано патничко возило, а потоа и во дрво, по што го напуштил местото на настанот. Лицето […]
МВР соопшти дека на 20.03.2026 во 18:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на регионалниот пат Радовиш- Конче, на влез во село Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од село Конче, општина Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани […]
Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол, соопштија од ТППЕ Струмица. -Станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенираа шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила. Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и […]
Струмица денеска е домаќин на Државното првенство во шах за ученици од основните и средните училишта во Македонија. Првенството се одржува во спортската сала на СОУ „Јане Сандански“, а го отвори градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков. Тој на учесниците им посака добредојде во Струмица, општина во којашто со години се вложува во младите, во […]