-На 17.03.2026 во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во две простории од затвореното одделение во Затвор Струмица, информираа денеска од СВР Струмица. Како што се наведува во кусото соопштение, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. Фото: илустрација архива
Вчера во 23:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.Х.(26) од Струмица кој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица, при што одзел пари. -Тој со употреба на сила влегол во црквата и на лице место бил фатен од полициските службеници кои го […]
Вчера во 18:00 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Б.А.(53) од село Сретеново, Општина Дојран, пријави дека во близина на неговото дворно место пронашол граната. Денеска гранатата е подигната од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, при што е утврдено дека се работи за артилериска граната калибар 100 мм, која потекнува од Првата светка […]
На 15.03.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓуро Салај“, „Цветан Димов“ и „Атанас Јанев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Струмица и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Т.(24) од село Куклиш, струмичко. […]
На 14.03.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34 годишен жител и 29 годишна жителка на тоа село, постапувајќи по претходни пријави според кои 29 годишната жена најнапред пријавила дека во домот била нападната од нејзиниот 34 годишен сопруг, а потоа и сопругот пријавил дека бил нападнат од неговата сопруга. […]
Градоначалникот Петар Јанков со своите соработници, одржа работна средба со претставници на компанијата „Смарт Флоу“, која ја има добиено јавната набавка за поставување на 6 нови мерни инструменти за следење на квалитетот на воздухот на шест нови локации во општина Струмица. Со ова значително се проширува и унапредува постоечката мрежа за мерење на квалитетот на […]
Градоначалникот Петар Јанков и денеска имаше уште една средба со претставник на димпломатскиот кор во државата, амбасадорката на Република Грција во нашата земја, нејзината екселенција Софија Филипиду, соопштија од локалната самоуправа. Се истакнува дека на средбата се разговарало за можностите за унапредување на соработката на локално и регионално ниво, како и за иницијативи кои можат […]
Делегација на Амбасадата на Велика Британија во Македонија, предводена од амбасадорот Метју Лосон, денеска беше во официјална посета на Општина Струмица, соопштија од локалната самоуоправа. Градоначалникот Петар Јанков, го запознал амбасадорот Лосон со карактеристиките, потенцијалите и можностите на Струмица, функционирањето на локалната власт и нејзините приоритети. -Се водеа разговори и на актуелни теми, но и […]
Фејсбук статус на поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов Кога ја воведовме идејата за електричен јавен превоз во Струмица, многумина ја гледаа како нешто ново и можеби непотребно. Денес, со новото поскапување на горивата, најдобро е таа одлука да се погледне низ едноставни бројки. Цената на дизелот во Македонија веројатно ќе биде околу 85,5 денари […]
На 07.03.2026 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на место викано „Буката” на околу еден километар од локалниот пат помеѓу селата Едрениково и Требичино, струмичко, имало превртен трактор. Од здобиените повреди на местото починал возачот на тракторот П.С.(66) од село Градашорци, струмичко, а смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото […]