fbpx

Советот го усвои кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струмица

 Советот го усвои кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струмица

Членовите на Советот на општина Струмица на денешната 40-та седница го усвоија кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2020 година.

Вкупните приходи на буџетот на општина Струмица во деветте месеци од оваа година имаат реализација од 55 проценти. Вкупните приходи ги сочинуваат основниот буџет кој е реализиран со 44 проценти во однос на планираното, наменските дотации 75 проценти, самофинансирачките активности 26 посто од планираното, донациите имаат реализација од 28 проценти и во делот на кредити има реализација од 26 проценти.

Кај основниот буџет, реализираните расходи се поголеми од реализираните приходи за 7.001.426 денари за кој износ се искажува дефицит кој се покрива од пренесенотот салдо од минатата година на буџетската жиро сметка, дефицит се појавува и кај самофинансирачките активности од 1.582.607 денари којшто исто така се покрива од пренесеното салдо од минатата година.

Во однос на минатата година процентот на реализација на вкупните приходи е ист, 55 проценти, а ист е и процентот на реализација на основниот буџет.

Меѓу другите, на седницата беа усвоени и одлуките за пренесување на користењето и управувањето со фекалните канализациони системи во населените места Дабиле и Просениково и изработка на проект за атмосферска канализација во населеното место Муртино.

Share via
Copy link