fbpx

Tags : Црвен Крст

Струмичкиот Црвен крст потпиша договори со предавачи за прва помош

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица беа потпишани договори за повремени и привремено ангажирање на предавачи и демонстратори за наставната програма за укажување на прва помош на кандидати за возачи. Организацијата на Црвен крст Струмица за потребите на наставната програма за укажување на прва помош на лица во сообраќајна незгода ангажира предавачи […]

И во новата година цврсто стоиме на бедемот на хуманоста-порачуваат

Последните денови од „ковид годината“ во Општинската организација на Црвениот крст во Струмица врие како во кошница. Се одржа редовното годишно собрание на 29 декември, а во претпоследниот ден од годината активностите течат како на филмска лента: обуки, тековни активности, крводарителска акција, се доставува хуманитирна помош, во дворот се растоварува едно комбе со облека, се […]

Успешна последна крводарителска акција за оваа година

Денеска Општинската организација на Црвен крст Струмица во соработка со Клубот на крводарители Струмица организираше крводарителска акција во просториите на Службата за Трансфузиона медицина во период од 08:30 до 14:00 часот. Крв даруваа поголем број крводарители, а меѓу нив и началничката на Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ „Општа болница Струмица“, д-р Дениза Стамболиева.

Младите волонтери на Црвен крст дел од кампањата на МВР

Младите волонтери на Општинската организација на Црвен крст Струмица денес беа дел од кампањата на МВР „Не користи петарди и пиротехнички средства“. Во просториите на организацијата предавање на оваа тема одржа полицискиот службеник Борче Грозданов, а младите волонтери, поделени во две групи, со голем интерес и со многу прашања го проследија предавањето. Предавачот Грозданов преку […]

Црвен крст Струмица почна со изборот на лица за негуватели

Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица почна изборот на лица за негуватели на стари и изнемоштени лица. На објавениот конкурс се пријавиле 48 заинтересирани лица, а од нив по спроведениот процес на селекција ќе бидат избрани 15. -За нас е многу важна социолошката проценка дали пријавените можат или не можат да […]

Почна четиридневна обука за вработените и едукаторите на Црвен крст

Денес во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица почна четиридневната обука за вработените и едукаторите во Програмата помош и нега во домот, со цел поквалитетен пристап кон лицата кои ќе се обучуваат, соопштија од струмичкиот Црвен крст. Обуката е дизајнирана да ги запознае обучувачите со начините на работа со возрасни. Секој тематски дел […]

Признание за Црвен крст Струмица и годишна општинска награда за

Претседателот на Општинската организација на Црвен крст Струмица, д-р Васил Тунев, денес на свечената седница на Советот на општина Струмица по повод празникот на градот Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици го прими признанието од градоначалникот Коста Јаневски за особен придонес во борбата против пандемијата од Ковид-19. Долгогодишниот крводарител, Панче Николов, кој досега дарувал крв над 120 […]

Струмичкиот Црвен крст му се заблагодари на кроводаритетелот и мотиватор,

Претседателот на Општинската организација на Црвен Крст-Струмица, д-р Васил Тунев, денеска на еден од најстарите крводарители од Струмица и мотиватор, седумдесет и шестгодишниот Панче Николов, му врачи благодарница за неговата мисија за мотивирање на граѓаните да даруваат крв. -Панче е многукратен дарител на крв, но тој и неговото семејство се и фамилијарни крводарители. Лани, неговиот […]

Црвен крст донираше кебиња на болницата

Општинската организација на Црвен крст Струмица за потребите на детското одделение и Ковид центарот во ЈЗУ „Општа болница “ Струмица донираше 70 ќебиња со цел дополнително да се помогне на овие одделенија во кризната состојба предизвикана од вирусот Ковид-19. На малите пациенти од детско одделение се донираше и ужина со желба за побрзо оздравување. Донацијата […]

„Медија флеш“ продолжува со реализирањето на проектот „Читај меѓу редови

Во рамките на проектот „Читај меѓу редови и биди медиумски писмен“ финансиран и поддржан од стрaна на Општина Струмица, проектниот коодинатор Ристо Тасев и асистентот Веле Појразовски се сретнаа со секретарката на Општинската организација на Црвен Крст Струмица, Марија Тошева. На средбата беше договорено до крајот на овој месец за волонтерите на Црвен крст да […]