„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Завршија годинашните карневалски празнувања
-Со денешниот Тримерски ручек завршија карневалските свечености во нашиот град. Прекрасно беше чувството да се биде сведок на негувањето на традицијата, да се вкусат посните јадења од богатата трпеза и да се ужива во убавите наменски песни на „Распеаните струмичани“, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Од денеска и клучот од градот повторно е во мои раце. Примопредавањето помина во убава атмосфера и со заедничка мисла дека имавме осум прекрасни карневалски денови и извонреден Струмички карневал. Нека ни е за многу години. Да сме здрави и живи и да го дочекаме празнувањето под маски и следната година, напиша Костадинов.