Струмичанецот и македонски репрезентативец Љупче Дориев и официјално промовиран во

Струмичанецот и македонски репрезентативец Љупче Дориев и официјално промовиран во узбекистанскиот прволигаш Согдиана од Јизах. По завршувањето на соработката со Шкендија, 27-годишниот крилен офанзивец официјално стави потпис на договорот со Согдиана каде ќе заработува 300.000 евра годишна плата, плус бонуси. Претходно во својата кариера Дориев настапуваше за екипите на Хоризонт Турново и Академија Пандев пред […]

Костадинов додели скејтови за забава и кациги за заштита на

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов на својата фејсбук страница објави дека на неколку дечиња им подарил скејтови и кациги за забава во новиот „Скејт парк“, кој официјално беше пуштен во употреба во четвртокот. „На гости ми дојдоа момчиња и девојчиња кои пред неколку дена присуствуваа на свеченото отворање на првиот струмички „Скејт парк“, на […]

20 лица приведени викендот на музички фестивал во Дојран, кај

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи, Оддел за криминалистичка полиција при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје презедоа засилени мерки за време на одржување на музичка манифестација во […]

Промовирана втората книга „Цареви Кули- Струмица“ (од Римското Царство до

Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на промоцијата на втората книга од Монографијата „Цареви Кули- Струмица“ (од Римското Царство до доцен среден век) од археологот и долгогодишен истражувач на локалитетот „Цареви Кули“, Зоран Рујак, која се одржа во Амфитеатарот, во Градскиот парк. Оваа книга, во издание на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј […]

Мотоциклист потешко повреден откако удрил во паркиран автомобил

На 29.06.2023 во 02:00 часот било пријавено дека во Струмица на ул.„Маршал Тито“ моторцикл „гилера“ без регистарски ознаки, управуван од М.В.(25) од Струмица, удрил во паркирано патничко моторно возило “пежо 407“ со беровски регистарски ознаки, соопштија денеска од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид […]

Приведен богданчанец, се сомничи дека превезувал мигранти од Сирија

Вчера околу 18:10 часот во близина на Богданци од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран е лишен од слобода П.Г.(49) од Богданци поради основано сомнение дека со патничко моторно возило „ауди A4“ со гевгелиски регистарски ознаки, превезувал осум лица мигранти од Сирија. За настанот е известен јавен обвинител, а […]

Два настани вечерва во рамки на СОФ2023

Два настани вечерва во рамки на СОФ2023: – Промоција на Монографијата Цареви Кули Струмица, книга II на археологот и долгогодишен истражувач на овој локалитет, м-р Зоран Рујак. Локација:Амфитеатар, Струмица. Време: :19:30 часот. Промотер д-р Митко Б.Панов од Институт за национална историја – Афористичко-сатирични вибрации и вечер на поезија. Започнуваме со афоризам и сатира од веќе докажаните афористичари Јане […]

Отворен Скејт парк во Струмица

Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на отворањето на првиот „Скејт парк“ во Струмица, сместен во спортско – рекреативниот дел од градскиот парк. Скејт паркот, кој беше изграден во предвидениот рок од шест месеци, опфаќа површина од 625 метри квадратни, а за негова комплетна реализација беа потрошени 6.200.000 денари, целосно обезбедени од буџетот на општина Струмица. […]

Академија Пандев Брера Струмица ги почна подготовките со стручен штаб

Со промоција на новиот стручен штаб, сениорски состав на АП Брера Струмица ги почна подготовките за новата првенствена сезона. Тимот ќе го предводи Џовано Валенти кој денеска ја имаше и првата прозивка и тренинг со фудбалерите на „Брера Струмица“ на комплексот СРЦ „Пандев“, соопштѕија денеска од клубот. Станува збор 47 годишен тренер кој дојде од […]

Потешко повреден богданчанец во сообраќајка меѓу трактор и „пасат“

На 28.06.2023 година во 21.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“, управувано од Х.Н. (22) од Богданци и трактор „имт“, управуван од С.К. (27) од Богданци, двете со гевгелиски регистарски ознаки, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата возачот Х.Н. се здобил […]