Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Курбан Бајрам

Почитувани сограѓани од муслиманска вероисповед, Денес е Ваш ден. Денес е денот во кој започнува тридневното одбележување на вториот најголем исламски празник – Курбан Бајрам. Нека овој празник биде во знакот на традицијата, со која низ молитвата „Бајрам намаз“ ќе побарате милост од Вашиот Алах, и преку принесувањето жртва-курбан ќе го остварите Вашето приближување кон […]

Полицијата за синоќешната сообраќајна несреќа кај Дабиле

На 27.06.2023 година во 21:15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Струмица-Ново Село, на делница помеѓу селата Дабиле и Босилово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од А.Ѓ. (47) од село Бориево, струмичко и патничко возило „фиат“, управувано од Р.М. (31) од село Костурино, струмичко, двете со […]

Едно лице загина во сообраќајка на излезот од Дабиле

Едно лице на 47 годишна возраст загина во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 21:30 часот на излезот од село Дабиле, пред крстосницата за Робово. Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во несреќата учествувале автомобили „фиат браво“ и „мерцедес“, а починатиот е возач на „мерцедесот“. Од полицијата повеќе детали за несреќата […]

Кривична пријава за жител на Баница за напади на таксист

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М. (38) од село Баница, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопштија денеска од МВР. На 13.06.2023 околу 22:30 часот во село Баница, пријавениот физички нападнал такси возач со кој се превезувал и му го одзел мобилниот телефон, […]

Во Струмица отворен Клуб за деца и младинци со Даунов

Во Струмица денеска беше отворен Клуб за деца и младинци со даунов синдром и нивните семејства, а кој е сместен во Повеќенаменскиот социјален центар во нашиов град и e резултат на отворениот јавен повик од програмата „V2“ на Општина Струмица на кој аплицираше Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „Вера“ од […]

Радовишката полиција го расчистува инциндентот што се случи во салата

На 26.06.2023 година од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш биле преземени мерки во врска со инцидент случен на 25.06.2023 година во Спортско рекреативен центар „25 Мај“ во Радовиш, за време на одржување на турнир во мал фудбал. Во просториите на Полициската станица Радовиш биле повикани лица учесници во инцидентот со […]

Задутре теристичка дезинсекција на возрасни комарци во Богданци

Општина Богданци ги известува граѓаните дека на ден 28.06.2023 година (среда) од 20.00 часот, ќе се врши теристичка дезинсекција на подрачјето на општината против возрасни комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки […]

Од полноќ нови цени на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а за толку се зголемува цената на дизел горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката  се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03 отсто. Новите цени важат вечер од полноќ.

Вечер на СОФ2023 – Македонски шлагери со „РЕТРОМАНИА“

Ви го најавуваме вечерашниот настан од програмата на СОФ2023 – Македонски шлагери со „РЕТРОМАНИА“. Време:20:00 часот. Локација: Мал градски парк, Струмица, соопштија од Струмица опен фестивал. Македонски шлагери, песни со душа и емоции кои ни овозможуваат пријатно патување низ времето. Да уживаме во перформансите на Ретроманиа кои македонските песни секогаш ќе ни ги пренесат на уникатен начин […]

Дваесетгодишен струмичанец тешко повреден по излетување на автомобил

Вчера во 03:10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица– село Баница–село Вељуса, патничко моторно возило “опел корса“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од Струмица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.И.(20) од Струмица, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од […]