Синоќа во 23:45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв 320“ со струмички регистарски ознаки управувано од В.В.(20) од село Муртино, струмичко и патничко моторно возило „ауди а4“ со струмички регистарски ознаки управувано од П.Т.(18) […]
Делегација од Општина Струмица, на покана на европратеникот Илхан Ќучук, во рамки на посетата на Европскиот парламент ќе оствари серија средби со претставници на Република Бугарија и Република Северна Македонија, соопштија од Општината. Во рамки на посетата, Градоначалникот Костадинов со делегацијата составена од Александар Оџаков, секретар на општина Струмица, Марјан Даскаловски, претседател на Советот на […]
Со посебна гордост и чест, денеска, општина Струмица ја чествуваше 120 – годишнината од убиството на најголемиот македонски син и револуционер Гоце Делчев. Пред неговиот споменик на плоштадот кој го носи неговото име, се одржа пригодна свеченост на која за животот и делото на Делчев зборуваше Елена Магеровска Паликарова, заменик градоначалник и член на Советот […]
Вчера во 17:30 часот во Полициската станица Радовиш, С.М.(34) од Радовиш пријавил дека околу 17:00 часот на ул.„Плачковица“ во Радовиш бил физички нападнат од неколку лица, соопштија од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-Ако првомајските празници во Дојран се индикатор за успешноста на туристичката сезона која ни следува, може да прогнозираме дека за време на летниот период во Општина Дојран ќе се бара сместувачки капацитет повеќе.Иако дождот кој кон крајот на денот традиционално, првомајски не освежи, сепак имавме продолжен викенд за паметење, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. […]
-Колку е убаво да се дружиш со шампиони. Всушност, не е убаво, прекрасно е.Денес го имав задоволството да имам средба со одбојкарите и членовите на стручниот штаб на Одбојкарскиот клуб „Струмица“, кои пред неколку дена, повеќе од заслужено, се закитија со уште една шампионска титула во најелитното македонско одбојкарско друштво, објави градоначалникот Костадинов. -Уште една […]
Денеска во 13:53 часот, во близина на село Просениково, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запален багер, информираа струмичките пожарникари. Пожарот е навремено локализиран и ликвидиран.
Денеска во 09:32 часот, во близина на село Свидовица, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари – спасители интервенирала на гаснење на запалено товарно возило. Пожарот е успешно изгаснат и е спречено опожарување на другите делови од возилото.
На 27.04.2023 во 09.00 часот во Полициската станица Валандово, З.С.(48) од село Марвинци, валандовско, пријавил дека во село Марвинци неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. Истиот ден, во 09.15 часот и С.С.(51) од село Марвинци пријавил дека на игралиштето во училиштето во село Марвинци неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. На 27.04.2023 во 16.00 часот […]
-Лесно е да се говори со јазикот на омразата. Напротив, ние денес разговаравме на вистинскиот начин кој нѐ води напред.Струмица од денес е побогата за уште една збратимена општина!Со мојот колега, Хасан Азис, градоначалник на Општина Крџали од Република Бугарија потпишавме меморандум за збратимување на двете општини кои ги предводиме, објави струмичкиот градоначалник. -Овој чекор […]