Малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто. Новата малопродажна цена на […]
Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 7 до 9 јули 2021 година, со следниот распоред: На 07.07.2021 година (среда), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче. На 08.07.2021 година (четврток), во период од […]
Познатиот австриски неуролог и основач на психоанализата, Сигмунд Фројд забележал дека „прв знак на глупоста е кога ќе се манифестира потполно отсуство на чувство за срам“. Секако оваа типично Фројдовска констатација нема никаква директна поврзаност со овој текст … Најблаго речено, небулозни се бесрамните обвинувања од петмината самопрогласени лидери на еко-активизмот за нетранспарентна и манипулативна […]
Во последните 24 часа се направени 2.760 тестирање, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје и Тетово – по 2. Не се регистрирани починати пациенти. Регистрирани се 6 оздравени пациенти од: • Велес и Кичево – по 2• Битола и Свети Николе – по 1. Досега во земјата се направени вкупно 890.381 […]
Вчера ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 10 пожарникари-спасители во атарот помеѓу селата Петралинци и Гечерлија интервенираше на гаснење на запалени стрништа, сува трева и насади со лозје. Заради силниот ветер пожарот се ширеше со голема брзина при што беа загрозени неколку околни објекти. Благодарение на брзата интервенција пожарот беше успешно локализиран и ликвидиран, […]
Отсекот за превенција при СВР Струмица во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување – Струмица, во населените места Попчево, Рич, Белотино, Дражево, Смоларе, Старо Коњарево, Колешино и Габрово ја реализираше традиционалната кампања “Лето без пожари”. Основна цел на кампањата е заштита и зачувување на зелените шумски површини, земјоделско земјиште, ливадите и пасиштата од пожари, […]
ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува сите граѓани дека опожарениот дел од Трговскиот центар Глобал целосно е реновиран по сите стандарди и е пуштен во употреба, објави струмичкото комунално претпријатие. Додаваат дека ги известуваат сите правни и физички лица кои сакат да закупат тезга да се јават во канцеларијата на одделението за пазари на ЈПКД „Комуналец“ […]
Општина Струмица е еден од лидерите во управувањето со јавниот финансиски менаџмент во државата, ваква оценка даде професорот Борче Треновски, член на експертскиот тим кој на денешната 48 седница на Советот на општина Струмица го презентираше Извештајот за оцена на перформансите на јавните расходи и финансиската одговорност на Општина Струмица (PEFA). -Посебно ми е чест […]
Во последните 24 часа се направени 2.723 тестирање, а регистрирани се 11 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 5• Тетово – 3• Битола• Берово и Пехчево – по 1. Пријавено е 1 починато лице од Македонски Брод (43г). Регистрирани се 4 оздравени пациент од:• Скопје и Битола – по 2 . Досега во земјата […]
Шеесетина ученици од Струмица и Радовиш со засадување на дрвца, квизови и игри поврзани со вода ја искажаа својата посветеност на зачувањето на животната средина и намалување на последиците од климатските промени, во рамки на завршувањето на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ финансиран од Европската Унија […]