Пронајдени 23 мигранти од Пакистан во радовишко Јаргулица

Вчера во 15:30 часот во атарот на село Јаргулица, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле 23 лица-мигранти од Пакистан. Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село за понатамошна постапка.

Еден починат, 7 новозаразени и 23 оздравени од Ковид-19 во

Во последните 24 часа се направени 3.566 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 во: -Скопје 465 -Прилеп 53 -Куманово 52,-Велес 48 -Кавадарци 43 -Гостивар 38 -Неготино 37 -Тетово 36 -Битола 35 -Охрид 33 -Штип 30 -Гевгелија 23 -Кочани 16 -Крива Паланка 10 -Кичево 9 -Валандово 8-Струмица-7, Радовиш -7 -Берово, Богданци и Демир […]

Јавното обвинителство отворило предмет за вчерашната тепачка во Струмица

Основното Јавно обвинителство Струмица вчера по допрен глас отворило предмет за вчерашната масовна тепачка во центарот на Струмица и интензивно работи на нејзино расчистување, информираат од обвинителството. Обвинителството дало насоки и наредби за натамошно постапување и утврдување на идентитетот на лицата кои учествувале во настанот. Се додава дека Обвинителството продолжува во континуитет да презема дејствија […]

Јаневски:Струмица ќе добие младински центар и канцеларија за млади

На средбата со Ѓорги Тасев, Советник за млади и младински политики на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, разговаравме за обврските што произлегуваат од Законот за младинско учество и младински политики за Општината за зголемување на можностите за младите, младинското учество и вклучувањето на младите во процесите на донесување на одлуки, објави градоначалникот на […]

Градоначалникот Јаневски се сретна со новиот претседател на Џио Струмица,

Нашата Струмица е спортски град, а особено сме горди на богатата историја во одбојка во машка и во женска конкуренција, објави на фејсбук градоначалникот Коста Јаневски. Денеска со посебно задоволство имав средба со членовите на Одбојкарскиот клуб Џио Струмица, неколкукратен шампион на Македонија и се надевам дека титулата и оваа натпреварувачка година ќе остане во […]

Општина Радовиш: Договорена изградба на нов парк во соработка со

Градоначалникот Герасим Конзулов денес оствари средба со со Халим Омер Согут – програмски координатор на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, соопштија од Општината. -На средбата се разговараше за интензивирање на соработката помеѓу Општина Радовиш и ТИКА. Во таа насока беше изразена подготвеност до крајот на месец јули да се изгради нов парк во […]

Струмица со 33 новозаразени и шест оздравени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, а регистрирани се 1.293 нови случаи на КОВИД-19 во: -Скопје 626 -Прилеп 88 -Велес 60 -Гостивар, Кавадарци и Битола по 48 -Тетово 46 -Штип 41 -Неготино 36 -Охрид 34 –Струмица 33 -Куманово 28 -Кочани 23 -Радовиш 18 -Гевгелија 17 -Пробиштип 12 -Валандово и Демир Капија по 11 […]

Во Богданци промовирана новата инвестиција ветерен парк со вредност од

Во општина Богданци денеска беше промовирана новата инвестиција ветерен парк, со вредност од над 40 милиони евра. Најнапред во Дом на Култура „Бранд Петрушев“ беше оддржана кратка презентација од страна на инвеститорите, Блаж Штерк – директор на „Интеренерго“ и Матеј Рунјак – извршен директор на „Тригал“. На настанот беа присутни пратеничките Драгица Ѓавочанова и Марија […]

Црвен крст Струмица подели 400 пакети со хуманитарна помош на

Општинската организација на Црвен крст Струмица подели 400 пакети со хуманитарна помош на 200 семејства во струмичкиот регион. Помошта се состои од по еден пакет храна и хигиенски производи, а се подели во изминатите денови. Хуманитарната помош е обезбедена со донација од Меѓународната федерација на Црвен крст.

Доделени наградите и отворена изложбата од Меѓународниот фестивалот на карикатура

Со доделување на наградите и отворање на изложбата вечерва во Центарот за култура во Струмица беа соопштени наградените карикатуристи и афористичари од 22. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што традиционално се одржува во рамки на Струмичкиот карневал. Златна плакета за најдобра карикатура доби македонскиот карикатурист Миро Ѓеоргиевски.Сребрена плакета доби Луис Нол од Австралија, а […]