fbpx

Tags : Пожари

Струмичките пожарникари помагаат во гаснењето на големите пожари

Денеска ТППЕ Струмица испрати едно теренско ПП возило и двајца пожарникари-спасители во село Будинарци. Се работи заедно со други здружени противпожарни тимови од Македонија и други држави. Во текот на вчерашниот ден ТППЕ Струмица испрати едно ПП возило со 5 пожарникари-спасители во ТППЕ Радовиш, додека тамошните пожарникари-спасители го гаснеа пожарот кој беснееше над селото Дамјан. […]

ЦУК: Активни се пожарите кај Погана и селото Дамјан

Пожарот од 01.08.21 во месноста Погана кој започна околу 12:30 часот и зафати површина од околу 1350 хектари, се уште е активен, посебно во делот непосредно пред ветерниците кај Богданци. На терен беа ангажирани следните сили:2 ПП возила од ТППЕ Валандово со 7 пожарникари, 14 од ШС Саланџак-Валандово, 11 припадници на АРСМ, ДЗС Валандово 7, […]

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена заради

Владата на Република Северна Македонија на денешната 95-та седница, која се одржа изутринава во 8:30 часот (05.08.2021) преку видеоконференциска врска донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена. Одлуката е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување  со кризи, чии […]

Во Југоистокот пожари кај Валандово, преминот Богородица и Ново Село

Шумскиот пожар кој се појави околу 12:30 часот на ден 01.08.2021 година кај местото Погана и кој зафати површина од 200 хектари ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен) се уште е активен. Пожарот во утринските часови беше во мирување, но попладнево со појавата на северен ветер, повторни се засили и се движи во правец […]

Вчера во струмичко избувнале четири пожари на отворено

Вчера ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 10 пожарникари-спасители во атарот помеѓу селата Петралинци и Гечерлија интервенираше на гаснење на запалени стрништа, сува трева и насади со лозје. Заради силниот ветер пожарот се ширеше со голема брзина при што беа загрозени неколку околни објекти. Благодарение на брзата интервенција пожарот беше успешно локализиран и ликвидиран, […]

Апел од Општина Радовиш за заштита од пожари на отворено

Територијата на нашата држава во текот на летниот период се соочува со зачестени полски и шумски пожари кои се помогнати од покачувањето на темпратурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуваат животната средина, се закануваат и по животот на граѓаните. Од тие причини Општина Радовиш […]

Во струмичко и валандовско изгореа лозје,смокви,калинки, овоштарник и зајаци

Вчера во Полициска станица Валандово, вработен во Територијалната противпожарна единица Валандово, пријавил дека на место викано „Дата јавори“, атар на Валандово, избувнал пожар во кој  биле опожарени околу 2 хектари лозов насад ,  смокви , калинки и ниска тревната површина . Околу 11:00 часот  пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната единица Валандово, а увид […]