Денеска во 09:32 часот, во близина на село Свидовица, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари – спасители интервенирала на гаснење на запалено товарно возило. Пожарот е успешно изгаснат и е спречено опожарување на другите делови од возилото.
Tags : пожарникари
Вчера и денес, пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Струмица, заедно со пожарникари и доброволци од регионот на Петрич, Република Бугарија, учествуваа на заедничка симулациска вежба која се одржа на браната „Иловица“, каде во реални услови, преку изведба на практични вежби, учесниците имаа можност да разменат искуства за успешно справување со катастрофи предизвикани од поплави […]
-Попладнево околу 17 часот, во близина на село Костурино, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 5 пожарникари – спасители интервенираше на сообраќајна несреќа на извлекување возило кое излетало од од коловозот и се превртело, објавија струмичките пожарникари. -Благодарение на брзата интервенција возачот е извлечен од возилото со помош на специјални хидраулични алатки и […]
Денеска во 10:13 часот, во атарот на село Муртино, ТППЕ Струмица со 1 теренско против пожарно возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева. Пожарот е локализиран и ликвидиран веднаш по пристигнувањето.
Вечерва во 20:00 часот, на браната Водоча, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева и грмушки. Пожарот е локализиран и ликвидиран за околу еден час по пристигнувањето на местото.
-Денес гости ни беа децата од второ Б одделение од ОУ „Видое Подгорец“. За време на посетата се сретнаа со пожарникарите-спасители кои беа во спасувачката мисија во Р.Турција, при што на сите пожарникари-спасители им беше доделен беџ ХЕРОИ, изработени од нивна страна.Им благодараме за нивната посета, објавија денеска на нивната фејсбук страница струмичките пожарникари.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, синоќа по полноќ ги пречека осумте пожарникари кои се вратија од спасувачка мисија од катастрофалниот земјотрес во Турција. -Добредојдовте херои на Струмица!Вечерва после полноќ со огромно чувство на одговорност, но во исто време и неизмерна гордост ги пречекав струмичките пожарникари кои беа во спасувачка мисија во Турција.Во мое име и […]
Осум специјално обучени и искусни пожарникари од ТППЕ Струмица, припадници на тимот за пребарување и спасување од урнатини со 2 противпожарни возила денеска заминаа во спасувачка мисија во пријателска Турција, во регионот кој е погоден од катастрофалниот земјотрес.
-Потресен сум и неизмерно тажен од вознемирувачките информации за разорниот земјотрес кој рано наутро ги погоди југоисточниот дел на Турција и Сирија. Таквите катастрофи, само ни укажуваат на фактот колку е немоќно човештвото пред моќта на природата и нејините законитости. Но, во исто време, таквите случувања ни даваат до знаење колку треба да бидеме хумани […]
Денес, во спортската сала при СОУУД ,,Димитар Влахов”, во организација на ТППЕ Струмица, се одржа Божиќен турнир во мал фудбал. На турнирот учествуваа пожарникари-спасители од професионалните противпожарни единици од Југоисточниот регион и тоа од ТППЕ Струмица, ТППЕ Валандово, ТППЕ Гевгелија и ТППЕ Радовиш. -Се надеваме дека овој турнир ќе прерасне во традиционален, преку кој ќе […]