fbpx

Tags : пожарникари

Изгоре куќа во Просениково

Денеска во 07:50 часот во село Просениково, ТППЕ Струмица со 2 против пожарни возила и 7 пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запалена куќа. Причинета е материјална штета, а повредени нема. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.

Пожарникарите гаснеа шумски пожар и запалена плинска боца

Денеска во 12:49 часот во атарот на село Дрвош пожарникарите со 2 против пожарни возила и 4 пожарникари интервенирала на гаснење на запалена сува трева и нискостеблеста шума со површина од околу 2 хектари, информираат од ТППЕ Струмица. Во 14:20 часот на улица „Младинска“, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 3 пожарникари интервенираше […]

Пожарникарите извлекоа возач од автомобил излетан во провалија

Попладне во 17:57 часот покрај патот Струмица-Цареви Кули, во близина на месноста „Двата пата“, ТППЕ Струмица со 1 против пожарно техничко возило и 5 пожарникари интервенираше на спасување на возач од автомобил кој беше излетен во провалија, информираа струмичките пожарникари. Со алпинистички јажиња и носила возачот е извлечен и предаден на екипа на брза помош.

Пожарникарите изгаснаа пожар на отворено кај Дабиле

Денес во 13:15 часот во атарот на село Дабиле, Територијалната против пожарна единица на Струмица со едно ПП возило и три пожарникари интервенираше на гаснење на запалена сува трева и отпаден материјал. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран околу 14.30 часот.