Со погодок од пенал на Кире Марковски во финишот на натпреварот, Академија Пандев ја забележа втората првенствена победа совладувајќи ја екипата на Силекс на домашен терен, во рамки на 7-то коло на ПМФЛ. Со оваа победа „Пандевци“ полека, но сигурно се искачуваат повисоко на табелата.
Шкендија оствари триумф на домашен терен против екипата на Академија Пандев со 2:1, и на најдобар можен начин влегува во големиот предизвик кој им следува, мечот во квалификациите за Лига Европа против Тотенхем. Творци на победата за Шкендија беше Ибраими кој беше двоен стрелец, во 38 и 74 минута, додека почесен гол за гостите од […]
Поединечно вицешампион е Никодим Геговски од радовишкиот клуб со освоено второ место, а екипно четворто место. Овој КУП „Рибарче“ се одржа денес во Градски парк во Скопје на езерцата, во рамки на манифестацијата Skopje Urban Fishing Weekend 2020. Екипа У15 на „Крап“ Радовиш:-Коки Иванов,Атанас Ципушев,Никодим Геговски.
Александар Таневски не е повеќе тренер на Академија Пандев, информираа денес од клубот. По вчерашниот пораз, шефот на стручниот штаб си поднесе оставка, која управата ја прифати. Причина за оставката се лошите резултати во воведните пет кола од стартот на новата сезона.
-Со доградба на постојниот „Благој Истатов“, како и многу други содржини Струмица треба да добие нов, модерен стадион, кој ги исполнува актуелните стандарди на УЕФА, објави денес на прес конференција претседателот на ФК„Беласица“, Славчо Васков Пинда. –Покрај трибинскиот простор и теренот, ќе има и други содржини кои ќе можат да ги користат граѓаните и спортистите. […]
Докторот специјалист по спортска медицина од Кавадарци, Бошко Илиев (55) од Кавадарци, на Денот на независноста, ја преплива акумулацијата „Турија“ кај Струмица во должина од 6 километри за време од 2 часа и 36 минути. Денешниот беше негов 91 маратон и дел од маратоните за промоција на убавините и езерата во државата. Доктор Илиев досега […]
На барање на Секцијата на спортски новинари при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за обезбедување на непречено присуство на новинари за време на спортски натпревари, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обрати до ЗНМ со известување дека е подготвен нов протокол. За ЗНМ, во формален допис Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, извести: „поради фактот […]
Во исклучително активниот преоден рок, по ангажманот на неколку докажани играчи, Џио Струмица ги обезбеди услугите и на Лука Костиќ – најперспективниот македонски одбојкар, којшто минатата натпреварувачка сезона ја мина во Црна Гора, во дресот на Будуќност. Костиќ лани беше на поширокиот список на селекторот Никола Матијашевиќ за настап на Европското првенство во групата во […]
Академија Пандев конечно во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига успеа да стигне до првите бодови сезона. На стадионот „Благој Истатов“ во Струмица „пандевци“ славеа минимално со 1-0 против Струга ТЛ со погодокот на Марио Крстовски во 85. минута од натпреварот. Прв гол, први бодови и прва победа за струмичани сезонава.
Српскиот централен дефанзивец, Марио Маслаќ, по шест месеци, повторно го облекува сино-белиот дрес, соопштија денес од Академија Пандев. -Неговиот квалитет и искуство во одбраната ќе биде од големо значење за нашиот млад тим, напишаа „пандевци“ во објавата.