Се известуваат граѓаните и учесниците во сообраќајот дека поради вршење на градежни работи на крстосницата на улицата „24 Октомври“ и улицата „Братство Единство“, ќе има пренасочување на сообраќајот. Апелираме до граѓаните за разбирање, трпеливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Tags : сообраќај
Секторот за внатрешни работи Струмица информира дека на 15.07.2023 година во времето од 10.00 до 14.00 часот , поради одржување на мирен протест , СВР Струмица на подрачје на град Струмица ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, информираа од СВР Струмица. Затворени за сообраќај ќе бидат булевар „Маршал Тито“, дел од булевар „Ленинова“ […]
Во периодот од 2 до 5 Јуни, 2022 година, на повеќе локации во градот Струмица ќе се одржи четиридневна манифестација – Фестивал за љубители на велосипедизмот – „Вело Струмица“. Фестивалот „Вело Струмица“ се организира во рамките на спроведувањето на проектот „Струмица – Вело Град“, финансиран од фондовите на Европската Унија. Централниот настан на фестивалот е […]
Општина Василево информира дека заради изведување на градежни работи на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, во деновите четврток, петок, сабота и недела, (27,28, 29 и 30 01.2022 година) ќе има прекин во одвивањето на сообраќајот на споменатиот локален пат. Сообраќајиот ќе се врши по околниот земјен пат, познат како „каменица“. Според планираните активности […]
-Намали ја брзината! За твоја и наша безбедност! Кампања на општина Босилово за подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот.Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат фатално. Затоа апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја намалат брзината бидејки се работи за здравјето и животот на секој од нас, објави денеска градоначалникот на Босилово, […]
Вечерва од 19:30 часот на магистралниот пат А-4, Струмица-ГП Ново Село, заради опожарено патничко моторно возило на патот, сообраќајот е во целосен прекин, информираа од АМСМ. Според информации од СВР Струмица автомобилот се запалил во движење во 19:16 часот, а по гаснењето од страна на струмичките пожарникари сообраќајот повторно е нормализиран во 20:10 часот. Во […]
-Тоа што пред извесен период го ветивме, денеска го реализираме. Штип доби нова модерна обиколница, како дел од експресниот пат Штип – Радовиш, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на изградената обиколница. Тие најавија дека од утре попладне обиколницата ќе […]
Утрово околу 09:00 часот на излезот од Радовиш, на клучката за Струмица, се случила сообраќајна незгода. Според информациите од СВР Струмица нема загинати, а според првичните сознанија има повредени. Засега не се познати уесниците во сообраќајката, а заради увидот на полицијата сообраќајот на патот Струмица-Радовиш се пренасочува по стариот пат. Од полицијата повеќе детали за […]
Ве известуваме дека ГП Богородица е повторно отворен за патнички и товарен сообраќај во двата правци, информираа од Царинската управа. Пожарот е локализиран и работата на граничниот премин Богородица-Евзони се одвива нормално.
Ве известуваме дека во понеделник, (21.12.2020) во периодот од 09:00 до 15:00 часот улицата „Маршал Тито“ во Богданци од општинската зграда до „Бреботекс“ ќе биде затворена за сообраќај, заради сообраќајно уредување. За таа цел ги замолуваме сите граѓани кои ги имаат паркирано своите возила во овој дел од главната улица, како од левата така и […]