Вчера во 10:00 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.П.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека ноќта на 30/31.05.2023 извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во автомобил и апарати за кафе на подрачјето на Струмица, при што одзел пари и други предмети. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, […]
На 07.06.2023 во СВР Струмица било пријавено дека во домот во село Петралинци, струмичко, бил пронајден починат Н.С.(31). Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. На 08.06.2023 во 00.50 часот во СВР Струмица, С.Д.(34) од Струмица пријавила […]
Во СОУУД „Димитар Влахов“ денеска се одржа Отворен ден на училиштето на кој беа презентирани образовните профили пред полуматурантите како одлична можност во изборот на училиште за продолжување на нивното образование. Учениците од училиштето на идните средношколци им ги пренесуваа и своите искуства од воспитно – образовниот процес. На Отворениот ден, присуствуваа и членови на […]
Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа средба со ученици од СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. Целта на настанот на кој присуствуваа и членови на Советот на општина Струмица и претставници на општина Струмица, беше промоција на политиките за добро владеење поврзани со […]
Од денеска во институциите кои се под надлежност на општина Струмица, како и основните и средните училишта, се воспостави организиран систем за собирање на отпадни батери преку поставување садови во соработка и партнерство со „Нула отпад“, соопштија од Општина Струмица. Садовите за собирање на отпадни батерии се поставени во дваесет и пет институции низ општината. […]
НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ од Струмица, заедно со Министерството за култура, започна со целосна санација на Спомен-костурницата во Струмица како приоритетен проект за тековната 2023 година, соопштија денеска од ова министерство. Овој вреден примерок е дело на архитектот Благој Колев и е изграден од армиран бетон и целосно обложен со […]
Вчера во 13:00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода М.А.(66) и М.Д.(67), двајцата од Струмица. Тие биле затекнати како со други лица вршат неовластена размена на парични средства, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени различни валути во вкупна вредност од околу 1.000.000 денари, а […]
Денеска на иницијатива на новиот претседател на Општински сојуз на училишен спорт на Струмица, Леонид Танчев се одржа средба со пензионираните наставници-професори по физичко и здравствено образование од основните и средни училишта во Струмичкиот регион, информираа од Федерацијата на училишен спорт. На средбата тие биле информирани за активностите на ОСУС во изминатата година. Дружењето помина […]
JПКД „Комуналец„ Струмица започнува со акција за генерално чистење на Струмица. Освен редовното собирање смет и метење на улиците, секоја недела ќе се врши и генерално чистење и собирање на смет и машинско перење на улиците. Акцијата започнува во nедела на 11 Јуни во градските населби „Карпош“ и „Чифлик“ и се замолуват сите граѓани од […]
-Само неколку недели по поставување на специјалните контејнери за рециклирање на електронски отпад некои наши „совесни“ граѓани веке успејаа да уништат еден, објавија денеска од ЈПКД „Комуналец“. -Со ваквото однесување урбаната опрема станува губре дава лоша слика за градот и ги уништува сите напори на оние организации, групи граѓани и поединци кои работат работат и […]