Соопштение од ЈПКД „Турија“-Василево:водата од Турија заради заматување не е

ЈПКД „Турија“, Василево ги информира жителите од населените места во општина Василево, (Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија)  кои со вода за пиење се снабдуваат од Брана Турија, односно преку филтер станиците  Ташли Баир и Добрашинци, дека водата е заматена и истата моментално не е за употреба и пиење. Од ЈПКД „Турија“, […]

Полициски билтен: физички напади во Струмица и Баница

На 24.01.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Струмица, Ѓ.С.(39) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 09.40 часот на влез во село Баница тој и едно малолетно лице биле физички нападнати од М.Т., Ф.Т. и С.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 24.01.2023 во 18.15 часот во Полициската станица Струмица, Т.П.(38) од Струмица пријавил […]

Еден осомничен за насилство врз жена и нејзината малолетна ќерка

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик,соопштија денеска од Јавното обвинителство. Откако претходно повеќе пати ѝ пишувал пораки преку апликацијата „Вибер“ во кои ѝ се заканувал дека ќе ја […]

Роднина на старицата е осомничен и приведен за убиството

Вчера полициски службеници од СВР Струмица во содејство и координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал лишен е од слобода П.И.(25) од Струмица. Тој се сомничи дека на 20.01.2023, откако побарал и не добил пари од М.Б.(83) од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените […]

Викторија Панчурова и Теодора Димоска први домашни фудбалерки во Македонија

Викторија Панчурова и Теодора Димоска од ЖФК Тиверија се првите домашни фудбалерки во Македонија со професионален статус. Како што објавија на својата фејсбук страница, со ова женскиот фудбалски клуб Тиверија е првиот клуб во македонската лига каде фудбалерките имаат професионален статус. „Струмица е клуб кој инвестира во развојот на своите фудбалерки. Доказ за тоа се […]

Обвинителство:Насилна смрт на жена во Струмица, се трага по сторител

Првичните резултати од обдукцијата што јавниот обвинител ја нареди врз почината 83-годишна жена од Струмица упатуваат на тоа дека станува збор за насилна смрт, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на […]

Отворено инклузивно игралиште во градинката „Детска радост“

Градоначалникот Костадин Костадинов, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска, денеска го отворија инклузивното игралиште во клонот 3 на градинката „Детска радост“ во Струмица и поделија дополнителни играчки на дечињата. -Пуштањето во употреба на инклузивното игралиште е плод на одличната соработка помеѓу општина Струмица […]

Старицата во Струмица убиена со давење или задушување

М.Б. (83) од Струмица која беше пронајдена мртва во петокот попладне во својот дом е убиена со давење или задушување. Такви се првичните информации од истрагата што ја води ОЈО Струмица и првичните резултати од обдукцијата, кои покажале дека смртта настапила по насилен пат. Од обвинителството информираат дека интензивно се работи на расчистување на случајот […]

МВР за смртта на старицата во Струмица

Вчера во 14:20 часот од страна на лекар од Итна медицинска помош Струмица во Секторот за внатрешни работи Струмица било пријавено дека во куќа на ул.“Димитар Цветинов“ во Струмица била пронајдена почината М.Б.(83), соопштија денеска од МВР. Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, доктори од Институт за судска медицина и […]

Телото на починатата старица предадено на обдукција

Телото на починатата 83-годишна старица која вчера беше пронајдена мртва во куќа на улица „Димитар Цветинов“ во Струмица е предадено на обдукција. Синоќа е извршен увид од страна на јавен обвинител од ОЈО Струмица, а причините за смртта на старицата, како таа се случила и дали се работи за природна или насилна смрт ќе се […]