Општина Струмица од денеска воспостави организиран систем за собирање електронски

За таа цел се поставени контејнери за електронски и електричен отпад во соработка и партнерство со „Нула отпад“, информираа од Општина Струмица. Контејнерите се поставени на дванаесет локации низ градот: булеварите „Ленинова“, „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“, улиците „Сандо Масев“, „Младинска“, „Панче Пешев“, „Братство и Единство“ и „Ванчо Китанов“. На самите контејнери има упатство за […]

Во Струмица се отвора Клуб на семејства со деца и

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со даунов синдом „Вера“ Струмица во партнерство со општина Струмица отвора „Клуб на семејства со деца со даунов синдром и семејства со лица со даунов синдром“, во рамките на функционирањето на Повеќенаменскиот Социјален центар во Струмица, а согласно Програмата V2-Социјална заштита за 2023 година на општина […]

Ќе се конзервира и реставрира Спомен костурницата во Струмица

Стручен тим на Завод и Музеј Струмица изработува проект за конзервација и реставрација на Спомен костурницата над градот. Ова го обавија денеска од оваа установа, а во објавата стои дека Спомен-костурницата во Струмица е започната да се гради во 1979 година, а моштите на загинатите борци во НОАВ со свечен чин биле пренесени и положени […]

Малолетна радовишанка се одалечила од домот

На 14.05.2023 во 21.30 часот во Полициската станица Радовиш, Н.В.(42) од Радовиш пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка М.В.(15), информираа денеска од СВР Струмица Од полицијата велета дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

„Лана“ и Факултетот за ветерина потпишаа договор за соработка

Јавното претпријатие за заловување бездомни кучиња „Лана“ од Струмица и факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје воспоставија соработка на полето на ветеринарната медицина, информираа денеска од Општина Струмица. Договорот за соработка, денеска во кабинетот на градоначалникот Костадин Костадинов го потпишаа директорката на претпријатието д-р Сузана Стојкова и деканот на факултетот […]

За 6 часа полицијата улови 81 возачи за брзо возење

Вчера од 16:00 до 22:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 81 пречекорувања на брзината, од кои 43 на подрачје на Радовиш, 18 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Гевгелија и 8 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно […]

Приведен разбојник кој заедно со двајца малолетници физички нападнале малолетници

Синоќа во 01:00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.П. (20) од село Ангелци, струмичко. Тој се сомничи дека на 13.05.2023 околу 22.20 часот заедно со уште две малолетни лица од струмичко, во Градскиот парк во Струмица физички нападнале тројца малолетници од Струмица и со закана со остар […]

МВР со детали за сообраќајката кај Владевци

На 13.05.2023 околу 18:30 часот на магистралниот пат A4 Струмица-Радовиш кај село Владевци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет спарк“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т.(18) од село Сушево, струмичко и мотоцикл „кавасаки“ со кочански регистарски ознаки, управуван од С.К.(58) од Кочани. На местото на несреќата починала сопатничката на мотоциклот Р.К.(44) од […]

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката кај

Сопатник на мотор загина во сообраќајната несреќа, а возачот е повреден во собраќајната несреќа што се случи во 18:40 часот во селото Владевци, на крстосницата за селото Сушево. Како што информираше попртпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, повредениот е пренесен во струмичката болница. Во сообраќајката учествувале мотоцикл со кочански регистарски ознаки и автомобил со струмички […]

Сообраќајна несреќа кај Владевци, патот Струмица-Радовиш во целосен прекин

Поради сообраќајна незгода на магистралниот пат Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин во двата правци, информираа од АМСМ. Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила кај селото Владевци околу 18:40 часот и во неа учествувале мотоцикл и автомобил. Повеќе информации од полицијата најавуваат за подоцна.