Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во рамките на своето делување, негува соработка со компании со кои споделува исти погледи и вредности. -Врз основа на таквата соработка, нашата фондација организираше донаторство од сродни компании за спортско-шаховската училишна секција при ООУ „Даме Груев“ од село Куклиш. По барање на оваа секција, донацијата се состои од […]
ЈПКД „Комуналец“, во рамките на проектот „Еко паметни општини“, започнa со празнење на новите канти наменети исклучиво за ПЕТ Пластика и лименки. -Празнењето на кантите ќе се врши редовно секоја среда. Известување до домаќинствата дека кантите се подигат од дворовите, а секаде каде што е заклучено или има кучиња кантите да се остават блиску до […]
Во рамки на проектот „Туризмот – иднината на регионот“ кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, финансиски поддржан од Бирото за регионален развој успешно заврши реконструкцијата на патот до црквата „Свети Илија“ во село Радичево, Василево, во вредност од 2.196.616 денари, со што се реши еден од главните проблеми на жителите во ова населено место. Станува […]
Вчера се одржа Изборно Собрание на Општинскиот Сојуз на училишен спорт – Струмица, на кое беше избрано ново раководство на Сојузот, објавија вечерва од Федерацијата на училишен спорт на Македонија. На местото на досегашниот долгогодишен претседател Драган Јанков, за нов претседател на ОСУС Струмица едногласно беше избран Леонид Танчев, а за потпретседател Вера Божијанова-Димитриевска. Исто […]
На 27.03.2023 година во 14:50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Радовиш-Струмица, на делница од с.Владевци до с.Радичево, струмичко, Н.Р.(28) од с.Злеово, радовишко, управувајќи патничко возило „бмв” со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците […]
Денес, на мое огромно задоволство, во улога на домаќин, остварив средба со Нејзината Екселенција Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во нашава земја,објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Низ разговор на повеќе актуелни теми, средбата помина во мошне пријатна и пријателска атмосфера, а меѓу другото, имав чест да ја запознаам амбасадорката со карактеристиките и потенцијалите […]
Денеска оклу 15 часот на патот Струмица-Радовиш, кај селото Владевци, се случи сообраќајна несреќа, во која се повредени три лица. Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во несреќата учествувал автомобил марка „BMW“ со струмички регистарски ознаки, кој најверојатно излетал од коловозот. Повредени се возачот и двајца сопатници, кои се пренесени на укажување […]
По покана од Велосипедскиот Клуб „Актив„ за подршка на Еко акцијата „Чисти ридови за сите„ која се одржува по трети пат во текот на годината, ЈПКД „Комуналец“-Струмица активно се вклучи со петнаесетина работници и две возила. Во акцијата се собираше отпадот расфрлан од несовесни граѓани на потегот околу патот до Чамчифлик и на трим патеката […]
Почитувани членови на Струмичкиот театар „Антон Панов“, Ако се знае дека театарот е една од најстарите и највозвишените уметности што ги смислил креативниот човечки ум, тогаш останете возвишени и Вие во Вашата уметничка мисија.Бидете и верни на божицата Талија и горди на Вашите „штици што живот значат“, за да останат горди со Вас и сите […]
Денеска околу 09:50 часот на регионален пат Струмица-село Банско, поточно во село Куклиш, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица запреле патничко возило “голф” со струмички регистерски ознаки, управувано од 48 годишен стумичанец, соопштија од СВР Струмица. При контрола над возачот извршена со алкомер “дрегер”, било утврдено дека возилото го управува со 2,34 промили […]