-Струмица работи во интерес на младите. Огромно беше задоволство да се биде активен учесник на денешната тркалезна маса „Поддршка на изборни реформи“,во рамките на проектот „Општина по мерка на младите“. Овој проект на Центарот за истражување и анализи „Новус“ опфаќа мониторинг на предизборното ветување за формирање Локален младински совет на општина Струмица. Беше тоа прекрасна […]
Министерството за транспорт и врски денеска изврши прелиминарна распределба на социјалните згради во Гевгелија и Демир Капија. Право на учество на јавниот повик за распределба имаа деца без родители или родителска грижа, со навршени 18 години кои до исполнување на полнолетство биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална […]
Вчера полициски службеници од СВР Струмица ја лишиле од слобода С.П.(21) од струмичко. Таа се сомничи дека на забава во јануари 2023, со употреба на сила врз малолетничка овозможила да биде извршена обљуба од страна на двајца малолетници од струмичко, соопштија денеска од МВР. За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со […]
Денеска во 10:13 часот, во атарот на село Муртино, ТППЕ Струмица со 1 теренско против пожарно возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева. Пожарот е локализиран и ликвидиран веднаш по пристигнувањето.
-Почитувани сограѓани, мерките за поттикнување здрави животни навики се препознаени и резултираат со голем интерес. Со огромно задоволство сакам да споделам информација дека во рекордно време струмичани го искористија во целост планираниот буџет за субвенција при купување нов велосипед, кој оваа година беше зголемен во споредба со минатата. Со тоа се исполнети условите од јавниот […]
Претседателот на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови, Брајан Шихан допатува во Македонија за одбележување 25 години дејствување на оваа светска хуманитарна организација во нашата земја. Во дводневната посета, Шихан ќе оствари средба со лајонсите, со гувернерот на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, Гоце Бурзевски, со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и ќе учествува […]
-Со проектот за проширување на велосипедската патека во општина Дојран, долж фронтовата линија од Прва светска војна, финансиран од Југоисточниот плански регион, Општина Дојран наскоро ќе се најде на мапата на љубителите на off road велосипедизмот или популарно наречениот mountain bike (планински велосипедизам), објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Во рамки на овој проект се […]
Комерцијална ПР објава Откако стана дел од бразилската NC Групација, Галеника забележа значителен деловен раст и меѓународна експанзија. Во периодот од 2018 до крајот на 2022 година, Галеника го удвои обемот на продажба и извоз, го зголеми производството за 22%, го прошири портфолиото и регистрира дури 146 производи. Со поддршка на NC Групацијата, во чиј […]
Стартува со работа лабораторијата за производство „ФЕИТ ФабЛаб“ при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Новиот простор што треба да им овозможи на студентите работа на реални проекти ползувајќи ги можностите на дигитализацијата во производните процеси, е отворен и за приватниот сектор, како и за млади креативци и иноватори кои тука ќе имаат можност […]
На 30.03.2023 година во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на С.А. (77) од село Злеово, радовишко, во кој биле опожарени куќа, плевна со сточна храна и гаража во која имало комбајн, камион и друга земјоделска механизација и алати, соопштија денеска од СВР Струмица. Повредени лица нема, а по интервенција на […]