Mинистерството за култура денеска ја информираше јавност дека воведува електронска апликација за Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година.
Денеска околу 14:15 часот во атарот на село Костурино избувнал пожар од запалени стари гуми и стрниште. Во гаснењето на пожарот учествувале 20 пожарникари и шест противпожарни возила, а помогнале и пожарникари од Валандово. Според ТППЕ Струмица, пожарот бил локализиран, а црниот чад кој се издигнувал над местото на пожарот бил предизвикан од запалените стари […]
На 19.09.2021 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле преземени засилени мерки над учесниците во сообракајот, при што биле констатирани 18 прекршоци сторени од страна на возачи на мотоцикли. Од нив 7 прекршоци биле за неносење заштитен шлем (кацига), 6 за управување без возачка потврда […]
Дозволете ни и во оваа прилика принципиелно да ги пренесеме изразите на почитување до граѓанското здружение „Здрава Котлина“ – Струмица, за реализираното легитимирање во политичкиот изборен процес на претстојните локални избори преку свои кандидати за платени функции во општинските совети. На јавноста и е добро познато дека менаџментот на Еуромакс Ресоурцес посветено се залага за […]
Државниот завод за статистика денеска објави дека до 15.00 часот се попишани 1.000.034 лица и дека попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет. Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk
Бајкерс Гараж заедно со мото клубовите во Македонија викендов во Струмица организираа настан со мото – тура со идеја да пратат јасна порака да се зачува чиста и здрава животната средина, да се зголеми безбедноста на патиштата, како и да се почитуваат правилата за безбедност во сообраќајот. Поддршка на настанот, на кој учествуваа над 50 […]
Поранешниот тренер, спортски директор и координатор на сите селекции во Академија Пандев, Југослав Тренчовски, кариерата ќе ја продолжи во кувајтскиот прволигаш Ал Араби. Tренчовски во новата средина ќе работи како главен тренер на младинскиот тим, а ќе биде и технички директор на сите категории почнувајќи од 15 години. Поранешниот предводник на „пандевци“ во кувајтскиот тим […]
По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авторско дело на Лазар Цветкоски и Александра Јанева. „Денот што ни носи“ беше премиерно изведена на 36-тиот Фестивал на забавни мелодии Макфест
Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај на КОВИД-19: • Скопје – 249• Куманово – 49• Струмица – 40• Охрид – 30• Штип – 25• Тетово – 23• Прилеп – 18• Кавадарци – 16• Битола – 14• Велес – 12• Кичево – 10• Гостивар – 9• Радовиш – […]
Здружението за култура „Транзен“ ја издаде монографија насловена како „Сто години струмичка ликовна уметност“. Книгата се издава по повод претстојното отворање на новата градска галерија во Струмица, кога и ќе биде нејзината промоција, со изложба од делата на авторите застапени во неа. Се работи за истражување кое опфаќа период од 1921 до 2021 година, време […]