fbpx

Tags : Автомобил

Советот донесе одлука за продажба на службениот автомобил на градоначалникот

-Донесена е одлука на Совет на општина Струмица за продажба на службеното возило за градоначалникот!Средствата ќе бидат планирани во новиот буџет за 2022 година за проект за Младински Културен Центар, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Станува збор за автомобил марка „шкода суберб“ набавен пред 4 години на лизинг.

Дваесет и три годишен жител на Пиперево повреден по излетување

Утрово околу 04:15 часот на магистралниот пат А4 во село Турново, патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(22) од село Куклиш, излетало надвор од коловозот, соопштија денеска од МВР. Во несреќата, сопатникот Б.Г.(23) од од село Пиперево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. По овластување од Јавен […]

Се запали автомобил на патот Струмица-Берово

Денеска во 12:58 часот на регионалниот пат Струмица – Берово, во близина на планинскиот превој Палазлија, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 4 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалено патничко возило, информираа попладнево струмичките пожарникари. Пожарот првично бил локализиран од страна на сопствениците за да целосно биде ликвидиран со пристигнување на ПП возилото […]

Автомобил удри во пешак на Булеварот „Маршал Тито“

Автомобил удри во пешак попладнево околу 16:00 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица. Несреќата се случила на пешачкиот премин кај експозитурата на „Комерцијална банка“. Портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска ја потврди информацијата. Таа информираше дека автомобилот удрил во жена, која веднаш била пренесена во болницата. Повеќе информации за сообраќајката Рендевска најави по завршувањето на […]

Потпорен ѕид се урна врз автомобили во Радовиш

Синоќа на полноќ се урнал потпорниот ѕид во близина на Етнолошкиот музеј  во Радовиш. Од урнувањето се оштетени два автомобили, но за среќа во моментот на незгодата немало пешаци. Денес ЈП „Плаваја“ од Радовиш ги расчистило остатоците од коловозот и сообраќајот се одвива нормално. Од Општина Радовиш најавуваат дека оштетениот ѕид ќе се санира.