AMD Strela

 

Јаневски: Образованието е темел за слободата и интегритетот на граѓаните

Јаневски: Образованието е темел за слободата и интегритетот на граѓаните
Објавено на: 09 Nov 2017

По повод Светскиот ден на науката, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, ја отвори изложбата на наградени проекти на младите истражувачи и иноватори од основните и средните училишта во Република Македонија. Изложбата беше отворена во просториите на средното општинско училиште „Јане Сандански“, а присуствуваа претставници од Народна техника на Македонија и од Министерството за образование и наука. 
Во своето обраќање, градоначалникот Јаневски потенцираше дека општина Струмица ги препознава важноста и улогата на образованието и затоа тие имаат значајно место во развојните процеси на Општината.

-Во оваа прилика дозволете ми да ја цитирам визијата определена во донесената Стратегија за образование на општина Струмица: „Образованието е темел за слободата и интегритетот на граѓаните“. Во овој контекст општина Струмица се грижи за унапредување на развојот на знаењaта, вештините и интегритетот на учениците низ воспитно-образовниот процес и превзема иницијативи за поттикнување на креативноста на учениците, доусовршување и развивање на способностите на учениците низ воннаставни форми. Унапредување на просторните и материјалните услови за воннаставни активности, зајакнување на капацитетите на учениците за лична одговорност и критичко мислење и јакнење на свеста кај учениците за општествените вредносни норми и за општествената одговорност. Денешниот настан на презентирање на најдобрите трудови од областа на науката и техниката на младите истражувачи и иноватори од Македонија е можност да се запознаеме со истражувачкиот дух на тие ученици и нивните ментори и да овозможиме што поголем број на ученици и наставници да се вклучат во овие процеси во наредниот период. Средните и основните општински училишта од општина Струмица, вклучувајќи го овде и приватното средно училиште „Јахја Кемал“, овозможуваат сите заинтересирани ученици да бидат вклучени во воннаставните активности. Во оваа прилика ја поздравувам иницијативата на Народна Техника на Македонија, Сојузот на здруженијата на младите истражувачи на Македонија и Народна Техника од Струмица, што овозможија пошироката јавност и од општина Струмица да ја види оваа изложба и со присуство на ученици од училиштата од општина Струмица, достојно да го одбележи Светскиот ден на науката, рече Јаневски.

Почитувајќи го трудот на младите истражувачи и иноватори, градоначалникот Јаневски ги посети сите учесници на изложбата, разговараше за нивните трудови и ги поттикнуваше да продолжат со својата истражувачка и иноваторска дејност.

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK