AMD Strela

 

Општина Богданци објави јавен оглас за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа

Општина Богданци објави јавен оглас за вклучување во  Програмата Општинско - корисна работа
Објавено на: 06 Aug 2018

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Богданци, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 01.08.2018 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа

 Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Поддршка од ранливите за најранливите 2”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месецизаради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месецистатусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денаримесечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-   Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)

-   Млади лица до 29 години

-   Лица постари од 50 години

- Лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност

- Лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование

-   Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

-   Жртви на семејно насилство

-   Инвалидни лица

-   Жени припадници на помалите етнички заедници

-   Лица припадници на ромската етничка заедница

-   Самохрани родители

-   Родители на деца со пречки во развојот

-   Родители на 3 и повеќе деца

-   Лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

- Општ работник (Одржување на хигиена и уредување на дворни површини, набавка на намирници   услуга наменета застарите и изнемоштените лица)

- Помошник неговател (Асистирање при пружање на различни видови нега од страна на негувателите (стручните лица) во дневниот центар за деца со посебни потреби- Гевгелија)

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелијаво периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Богданции избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Богданцикај лицето Марјан Пеев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија  кај лицето Тодор Ристов,  Центар за социјлна работа Гевгелија кај лицето Лазо Трајков.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK