AMD Strela

 

Преку форумски сесии Југоисточниот плански регион ќе избира проекти

Преку форумски сесии Југоисточниот плански регион ќе избира проекти
Објавено на: 09 Feb 2019

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка ја реализира програмата „Регионални форуми во заедницата”.

Програмата „Регионални форуми во заедницата” се реализира во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ чија генерална цел е: „Нерамномерниот развој во рамки и помеѓу планските региони се намалени и како последица на ова намалување граѓаните, посебно оние од помалку развиените региони, имаат подобри услови за живот”.

Првата форумска сесија се одржа во хотел Сириус, Струмица.

Во рамки на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми кои го засегаат Југоисточниот плански регион и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи за предлог проекти.

На Првата форумска сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат со форумскиот процес, да дискутираат за приоритетните проблеми кои го засегаат регионот и за истите да предложат приоритетни решенија.

За време на форумскиот процес, учесниците ќе ги изберат најприоритетните предлози за кои Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе конкурира за реализација од проектниот фонд, а на последната сесија ќе се даде повратна информација за реализацијата на избраниот форумски проект.

На форумите ќе се опфатат проектни предлози кои вклучуваат инфраструктура, бизнис, туризам, заштита на животната средина и социјална инклузија.Ситепредлогпроекти треба да покажат значителен потенцијал за поттикнување на локалниот и регионалниот економски развојвоЈугоисточниотпланскирегион.

Учесници на форумските сесии ќе бидат: претставници од општинските администрации; бизнис заедницата; здруженија на граѓани; претставници на месни заедниции други заинтересирани страни од регионот.

 

Општата цел на програмата е да се овозможи партиципативен развој на заедницата и добро локално управување со примена на структуриран инструмент за граѓанско учество – форумски пристап. Форумскиот пристап е развојна платформа: 1) граѓаните да учествуваат активно во носењето на одлуки во нивните општини и 2) администрацијата да развие партиципативно, отчетно и веродостојно локално управување.

Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“е финансиран од страна на Владата на Швајцарската конфедерација, претставувана од Федералното биро за надворешни работи, делувајќи преку Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија/Швајцарската Агенција за развој и соработка во соработка со Владата на Република Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа.

Следната регионална форумска сесија ќе се одржи на 15.02.2019 година.  

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK