AMD Strela

 

Општина Ново Село доби грант за затоплување на три подрачни училишта

Општина Ново Село доби грант за затоплување на три подрачни училишта
Објавено на: 13 Mar 2019

Општина Ново Село во рамките на проектот „Унапредување на општинското владеење“ финансиски поддржан од Европската унија,  а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа  и Министерството за финансии доби проектен грант од 26.000 евра.

Проектот e развиен во соработка со в.д. градоначалникот Горан Цветков и Одделението за ЛЕР во општина Ново Село и е поддржан од Советот на Општина Ново Село.

Проектот е насловен „Инсталација на системи за топловодно греење во подрачните училишта во село Сушица и село Мокриево во Општина Ново Село“  и предвидува инсталација на системи за топловодно греење на пелети во ООУ „Мануш Турновски“ -ПУ Сушица и ООУ „Видое Подгорец“- ПУ Мокриево.

Воведувањето на нови системи за греење ќе придонесе кон подобрување на работните услови во училиштето, унапредување на здравјето на учениците, а воедно и намалување на загадувањето на животната средина.

Во овие две училишта во моментов наставата ја посетуваат вкупно 105 ученици.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK