AMD Strela

 

Полицијата со предупредување до угостителите за пуштање гласна музика и присуство на малолетници

Полицијата со предупредување до угостителите за пуштање гласна музика и присуство на малолетници
Објавено на: 05 Aug 2019
Секторот за внатрешни работи-Струмица, во рамките на своите надлежности во претстојниот период превзема интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето, имајќи ја во предвид зголемената бучава (гласната музика), раздвиженоста во угостителските објекти, пред се во кафулињата, на летните тераси и во дискотеките, во кои се позабележително е присуството на младите, посебно во вечерните часови. Активностите на полицијата се насочени на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24,00 часот, точењето алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, а пред се оние што живеат во близина на угостителските објекти. За сите сопственици на угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани прекршоци, СВР-Струмица ќе поднесе соодветни поднесоци согласно член 8, 21 и 38 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир (ЗППЈРМ), а ќе биде предложена и мерка забрана за вршење на дејност во законски предвидениот период. Апелираме до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат законите. Доколку се констатира состојба спротивна на Законот истата соодветно ќе се санкционира. Ваквите интензивни мерки и активности на полициските службеници самостојно и во координација со надлежни инспекциски служби ќе продолжат да се реализират и во претстојниот период. Соопштение на СВР Струмица
Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK