Двајца малолетници повредени откако излетале со четирицикл надвор од коловозот

На 21.02.2024 во 19:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Упчев“ и ул.„Мара Минанова“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од коловозот, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани […]

Попладнево избувна голем пожар на отворено кај „Транзитниот пат“ во

Попладнево околу 14:45 часот избувнал голем пожар на отворено кај „Транзитниот пат“ во Струмица, а црбиот и густ чад можеше да се забележи оддалеку. Според информацијата од ТППЕ Струмица, горела трева и најразличен отпад, а пожарот го гаснеа 13 пожарникари и четири против пожарни возила. По едночасовна интервенција пожарот е изгаснат.

„Комуналец“ почна со уредување на дрворедите во градот

Со затоплување на времето екипа од Одржување и управување со јавното зеленило при ЈПКД „Комуналец“ започна со редовно пролетно сечење и уредување на дрворедите низ Општина Струмица, кое ќе одвива секоја недела во текот на овој и наредниот месец. Оваа недела ќе се уредуват дрвата на улица „Младинска“. Заради присуство на механизација со која се […]

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Планинари од Струмица, Штип, Валандово, Радовиш и Гевгелија денеска по 19-ти пат го почнаа маршот во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски. По поминати 200 километри планинарите в понеделник, на 26 февруари, денот кога загина претседателот Трајковски, ќе му оддадат почит на неговото вечно почивалиште на гробиштата Бутел во Скопје. Викендов планинари од […]

ПОЕТСКИ ТРИПТИХ СО МИТКО ГОГОВ, ЗОРАН АНЧЕВСКИ И НИКОЛА МАЏИРОВ

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ на 21 февруари 2024 година (среда) со почеток во 18:00 часот во просториите на Европската куќа (Europe House) во Струмица организира читање насловено „Поетски триптих“ на кој присутните ќе имаат можност да уживаат во поетските светови на Митко Гогов, проф. Зоран Анчевски и Никола […]

Полициски билтен: физички нападната старица во Нова Маала

На 20.02.2024 година во 08:30 часот во Полициската станица Струмица А.Ќ.(76) од село Нова Маала, струмичко, пријавила дека околу 07:00 часот во село Нова Маала  била физички нападната од Ѓ.А. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Промовиран прирачникот „Како до заштита и безбедност на жртвите на

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вечерва присуствуваше на промоцијата на прирачникот „Како до заштита и безбедност на жртвите на семејно насилство“ – Моделот за соработка на „Скај Плус“ со Општина Струмица, бизнис заедницата и Струмичката епархија, од авторките Стојне Митева, Катерина Дафчева и Сузана Мицева, која се одржа во Младинскиот центар, во организација на здружението […]

Градоначалникот Костадинов заедно со евроамбасадорот Гир присуствуваа на третиот роденден

-Денес беше прекрасно, заедно со Евроамбасадорот Дејвид Гир, да бидеме меѓу младите струмичани, и да присуствуваме, во струмичката Градска уметничка галерија, на одбележувањето на третиот роденден на „Europe house“ – Струмица. По тој повод, ја имавме и честа да се обратиме пред присутните, зборувајќи за значењето на ова катче за младите, кое е плод на […]

За пет часови на подрачјето на СВР Струмица уловени 85

На 19.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 65 пречекорувања […]

Тешко повреден валандовчанец откако со „мерцедес“ излетал од патот

Вчера во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на на ул.„Првомајска“ во Валанадово, патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ.(58) од Валадново, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општа болница Гевгелија. Увид на местото извршила екипа од ОВР Валадново.