Јавен повик од Општина Струмица за ослободување од плаќање на

Врз основа на Програмата V2 – Програма за социјална заштита и заштита на децата („Службен гласник на Општина Струмица“ бр. 22/22), на ден 16.01.2023 година се објавува: Ј  А  В  Е  Н      П  О В И К за пројавување интерес согласно Одлуките за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители […]

Струмичанец починал од струен удар

Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во круг на фирма во Градско Балдовци од струен удар починал Р.М.(60) од Струмица, соопштија денеска од МВР. Според пријавеното, Р.М. се здобил со повреди од струен удар додека извршувал работни задачи и од здобиените повреди починал на местото. Бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинтиел […]

Струмичкиот карневал годинава на 25 февруари

Главната карневалска вечер на годинашното издание на Интернационалниот струмички карневал ќе се одржи на 25 февруари. Ова е објавено на интернет страницата на Струмичкиот карневал http://www.strumickikarneval.com/index.php/mk/ Струмичкиот карневал традиционално се одржува со почнувањето на големите велигденски пости и секоја година се одржува на различен датум во зависност од тоа кога се слави Велигден.

Кај малолетник од Гевгелија пронајдена марихуана

На 13.01.2023 во 01:35 часот на локалниот пат Струмица-село Баница, полициски службеници од Полициска станица Струмица извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки. При контролата, кај малолетен сопатник од Гевгелија, кој престојувал во Струмица, била пронајдена марихуана, соопштија денеска од СВР Струмица. Во присуство на родител, со малолетникот бил извршен разговор […]

„Баламов компани“ од Гевгелија победник на новогодишно-божиќниот турнир во Куклиш

Заврши Новогодишно – Божиќниот турнир во мал фудбал 2022/2023 година кој се одржа во спортската сала во Куклиш, а кој финансиски беше поддржан од градоначалникот Костадин Костадинов и Oпштина Струмица. На турнирот учествуваа 24 фудбалски екипи од повеќе градови во државата кои се натпреваруваа за награден фонд од 190.000 денари. Првото место го освои екипата […]

Пожарникарите од Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш на Божиќен турнир

Денес, во спортската сала при СОУУД ,,Димитар Влахов”, во организација на ТППЕ Струмица, се одржа Божиќен турнир во мал фудбал. На турнирот учествуваа пожарникари-спасители од професионалните противпожарни единици од Југоисточниот регион и тоа од ТППЕ Струмица, ТППЕ Валандово, ТППЕ Гевгелија и ТППЕ Радовиш. -Се надеваме дека овој турнир ќе прерасне во традиционален, преку кој ќе […]

„Џонсон Мети“ со 550 волонтери се вклучи во разни акции

Комерцијална ПР објава Вредноста што ја создава Џонсон Мети Македонија, преку инвестирање во локалната заедница, беше јасно изразена минатиот месец кога повеќе од 550 волонтери го дадоа своето време за да поддржат различни проекти низ Македонија. За да го прослави Меѓународниот ден на волонтерството, Џонсон Мети Македонија организираше недела на активност во која 550 волонтери […]

Уапсен крадец од Струмица, само неколку часа се радувал на

На 10.01.2023 во 23.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(39) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што одзел пари, соопштија денеска од СВР Струмица. По наредба на Основен суд Струмица бил извршен претрес […]

УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листа на должници бр.01/2023 за долгови доспеани до 30.09.2022 и неплатени до 31.12.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни […]

Влада: Второто полугодие ќе започне на 23 јануари

Владата на Република Северна Македонија, денеска на 118-та редовна седница, го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот […]