AMD Strela

 

Гевгеличани и валандовчани главни во злоупотребата на земјоделските субвенции

Гевгеличани и валандовчани главни во злоупотребата на земјоделските субвенции
Објавено на: 05 Oct 2017

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со Одделението за организиран криминал и корупција при Основно Јавно Обвинителство денеска  поднесе кривична пријава против 24 лица и тоа: М.Б. (45) од Скопје, раководител на Сектор за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ѓ.Д. (55) од Скопје, помошник на раководител на Сектор за меѓународна соработка во МЗШВ, В.С. (33) од Тетово, помлад соработник за водење на договори на земјоделско земјиште  во Одделение за регистрирање на земјоделско земјиште - Сектор за регистрирање, управување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост во МЗШВ, М.В. (37) од Гевгелија, соработник  за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на МЗШВ во подрачна единица Гевгелија, П.К. (63) од Гевгелија, виш соработник за собирање, класифицирање и административна контрола на податоците од Регистрите на Министерството во во П.Е Гевгелија, Ј.С. (42) од Гевгелија, референт за административни работи во ПЕ Гевгелија, Г.М. (33) од Валандово, соработник за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на Министерството во П.Е Валандово, Е.Т. (29) од Валандово, волонтер со Договор во МЗШВ -ПЕ Валандово, М.Д. (51) од Валандово, самостоен референт за стручно административни работи во ПЕ Валандово, В.С. (30) од Скопје, референт за административни работи во Подрачна Единица Кисела Вода на МЗВШ, А.И. (49) од Скопје, помлад соработник за оперативна работа на Министерството во ПЕ Кисела Вода, С.Р. (44) од Скопје, самостоен референт за стручно административни работи во ПЕ Чаир при МЗШВ, Ѓ. И. (29) од Скопје, помлад референт за  административни работи  во МЗШВ – ПЕдиница Карпош со работните задачи што ги извршувал во ПЕ-Чаир и С.П. (53) од Гевгелија, виш соработник за собирање,класифицирање и административна контрола на податоците од Регистрите на МЗШВ во ПЕ Гевгелија,  поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 од КЗ на РМ. Кривично пријавени се и лицата Е.О. (39) од Богданци, Државен инспектор во Државен инспекторат за земјоделство, З.Д. (34) од Скопје, Управител на правното лице ДЗПТУ Дедема Плус Дооел Скопје, С.В. (48) од Скопје, Управител на правното лице ДПТУ Агро Проџек Велјанови Дооел, Х.Л.Д. (55), турски државјанин, Управител на правно лице Агро Лезет Доо, Н.Ш. (53), турски државјанин, Управител на правно лице Норм Агро Доо, Р.В. (26) од Скопје, Управител на правното  лице Агро Проџек Рамака Дооел Гевгелија, М.В. (24) од Скопје, Т.В. (51) од Скопје, Г.С. (39) од Скопје и К. О.   (66) од Богданци - сите поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 вв член 24 од КЗ на РМ.

Пријавените, горенаведените кривични дела ги вршеле на начин што Раководителите во МЗШВ кои што биле назначени како претседатели на Комисии за одлучување по јавни огласи за давање под закуп на државно земјиште постапувајќи спротивно на закон, склучиле договори со нови закупци за парцели кои што биле правно спорни и не можеле да бидат предмет на договор. За парцелите кои што се спорни барани се субвенции спротивно на Закон при што барањата за субвенции во системот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој се внесувани од лице кое што нема засновано работен однос во МЗШВ, а овие активности ова лице ги прави во координација со кривична пријавената С. П., вработена како Раководител на одделение за координација на подрачните единици во регионот Гевгелија. Во периодот  од 2011 година до 2016 година искористувајќи ја својата службена положба и овластување  пријавените лица со своите незаконски дејствија   противправно се стекнале со имотна корист во вкупен износ од 13.698.297 денари или 222.736.54 евра, истовремено нанесувајќи штета на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој и на Буџетот на Република Македонија. 
Денеска лишени од слобода се шест од кривично пријавените и тоа Ѓ. Д., В. С., М. В., Г. М., Е. О.  и С. П..   

Извор:Билтен на МВР     

Фото илустрација:Интернет                

 

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK