AMD Strela

 

„Пандевци“ со пласманот на финалето на купот постигнаа историски успех

„Пандевци“ со пласманот на финалето на купот постигнаа историски успех
Објавено на: 10 Apr 2019

И во вториот натпревар од полуфиналето за Купот на Македонија, Академија Пандев беше поуспешна од прилепска Победа на теренот во Каваддарци. Со идентични 3:1 како и пред еден месец кога се одигра првиот полуфинален натпревар струмичани изборија финале, каде ќе се се сретнат со Македонија Ѓорче Петров која беше поуспешна од Беласица.

На денешниот натпревар по само три минути прилепска Победа го отвори резултатот по центаршутот на Бујамин Асани, а Каланоски сигурно реализираше. Но избраниците на Југослав Тренчовски се стабилизираа, ја презедоа играта и на стартот од вториот дел по прекршок во казнениот простор преку пенал го израмнија резултатот на 1:1. Сигурен реализатор од белата точка беше Стоилов. Само неколку минути подоцна Велинов направи целосен пресврт со мајсторски погодок од слободен удар. Точка на натпреварот стави Стојкоски по асистенцијата на Стојков, за конечни 3:1 за Академија Пандев и пласман во големото финале на Купот на Македонија.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK