AMD Strela

 

Се одржа вториот работен состанок на проектниот тим за проектот „COMBINE2PROTECT”

Се одржа вториот работен состанок на проектниот тим за проектот „COMBINE2PROTECT”
Објавено на: 31 May 2019

Во рамките на проектот “Заеднички стратегии за заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на билатералнaта мрежа на заштитени подрачја – COMBINE2PROTECT” финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р.Северна Македонија на 29ти и 30ти мај (среда и четврток) се одржа вториот работен состанок на проектниот тим во Флорина, Грција.

На состанокот присуствуваа членовите на проектниот тим и тоа од: Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Универзитетот “Аристотел” во Солун, Грција, Државниот инспекторат за животна средина, Р. Македонија и Регионот на Западна Македонија од Флорина, Грција.

Главна цел на состанокот беше да се презентирa процесот и напредокот од содржината на книгата на видови / живеалишта и екосистемски услуги на заштитените подрачја, со акцент на приоритетните видови и живеалишта како и тријазичната веб платформа и инфаструктурните работи кои беа презентирани од страна на грчки експерти ангажирани од страна на проектниот партнер 4 - Регионот на Западна Македонија од Флорина, Грција.

Вториот работен состанок на проектниот тим се планира да се одржи во септември, во Скопје.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK