AMD Strela

 

Близнаци се ожениле со близначки, а ги венчале свештеници близнаци

Близнаци се ожениле со близначки, а ги венчале свештеници близнаци
Објавено на: 16 Nov 2015

Еднојајчаните близнаци Динкер и Дилрај од Индија се ожениле со близначките Рина и Рима, на церемонијата која ја одржале свештеници близнаци.

Браќата биле неразделни во текот на целиот свој живот, се додека фирмата во која работеле не ги разделила – ги разместила во експозитури на спротивни краеви во Индија.

Потоа, одлучиле дека сакаат да се оженат со близначки, но нивната потрага по сопруги не била лесна. Им требале пет години да ги пронајдат своите сегашни сорпуги, кои пораснале на сличен начин.

- Кога ги запознавме Рина и Рима знаевме дека се вистинските за нас. За среќа, и ние им се допаднавме - рекол Дилрај.

Рина и Рима исто така сакале да се омажат за близнаци и ги барале вистинските кандидати три години.

- Кога ги видовме Дилрај и Динкер, знаевме дека тоа е тоа - рекле близначките. 

Свештениците близнаци Рој и Рези Манапарамбил, патувале 600 километри (од Ченај во Трисур) само поради оваа венчавка.

Динкер (32) вели дека му е жал што на венчавањето немало доволно близнаци, и покрај тоа што присуствувале вкупно седум двојки близнаци. Дилрај вели дека се надевале дека ќе бидат барем 12. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK