AMD Strela

 

Мексико ќе почне да го наплатува селфито

Мексико ќе почне да го наплатува селфито
Објавено на: 07 Feb 2016

Едно од најпознатите археолошки наоѓалишта во Мексико, кое привлекува два милиони туристи секоја година, планира да воведе поебна такса за снимање на селфи фотографии на нивно тло, пренесуваат светските медиуми.

Мајанскиот национален парк Тулум во иднина ќе наплатува 2,42 долари за снимање на селфи фотографии. Туристичкиот водич Хулио Вијалобос вели дека толку ќе се наплаќа и за внесување на таблети, ГоПро камери, аматерски камери и мобилни телефони.

Тулум веќе долго време е една од најголемите туристички атракции во Мексико. На врвот на својата моќ бил помеѓу 13 и 15 век, а успеал да ги избегне нападите на шпанските освојувачи цели 70 години.

Меѓутоа, болестите кои им ги донеле доселениците од Европа продреле во градот и брзо го опустошиле.

Извор: http://www.plusinfo.mk/vest/57015/meksiko-kje-pocne-da-go-naplatuva-selfito

Фотографија: www.dailymail.co.uk

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK