AMD Strela

 

За струмичани „ајверот“ е кавијар

За струмичани „ајверот“ е кавијар
Објавено на: 05 Oct 2017

Повеќе од половина век „ајверо“ (струмички назив за ајварот) е неизбежен дел од зимницата на струмичани. Повозрасните жители на градот под Царевите Кули се сеќаваат дека ајварот почнал да се подготвува во шеесетите години на минатиот век. Подготовката на омилената зимница се поврзува со зголеменото производство на пиперки, посебно откако тие ќе поцрвенеле кон крајот на летото.

-Се сеќавам дека од 1961 година почнавме дома да подготвуваме ајвар и до ден денешен не сме престанеле и ретко се случило да прескокнеме некоја година да немаме ајвар, велат повозрасни домаќинки од Струмица кои во саботата, кога е пазарен ден во Струмица, „меркаа“ пиперки на Пазарот на големо.

Додаваат дека на почетокот ајварот се подготвувал од непечени пиперки. Се мелеле и се ставала во голема бакарна тава да се пржат. Полека се додавале маслото за јадење и солта и кога убаво ќе се се испржел се собирал во тегли.

Оттогаш до денес периодот од 10 септември до 10 октоврми за струмичани е еден од најзначајните. Се е подредено на нејзиното височество-црвената пиперка, од која се подготвува познатиот струмички ајвар, но и многу други специјалитети или како што велат струмичани подвидови на ајварот. Тој е секогаш прв на списокот за подготвување на зимницата. И да има и да нема ајварот мора да се подготви.

Некаде од седумдесетите години на минатиот век во Струмичко почнала масовно да се одгледува црвената пиперка од сортата „куртовска капија“.Таа е мазна од двете страни и содржи многу суви материи и е најпогодна за подготвување ајвар. Во последно време, поради негрижата за зачувување на семенскиот материјал, ја има се помалку и се одгледува на отворено само во неколку села во Струмичко. На нејзино место се одгледуваат други хибридни сорти, како што е „слоново уво“, но тие се одликуваат со присуство на голема количина на вода, па кога се печа многумина на шега велат дека од нив може да угасне огнот.

Затоа, сите што сакаат да го почувствуваат вистинскиот вкус на струмичкиот ајвар треба да ја користат пиперката „куртовска капија“, чија примарна употреба е токму за подготвување на „ајверот“, кој се споредува со кавијарот, односно икрата од рибата, кој струмичани го нарекуваат со истото име.

До пред неколку години на плоштадот се одржуваше манифестацијата „Струмичка ајверијада“, на која масовно се консумираше ајвар намачкан на леб и се прогласуваа најдобрите „ајверџики“. Манифестацијата ја организираше општината, но без некое поголемо објаснување истата згасна.

Струмичката црвена пиперка некои ја подготвуваат и печена за в зима. Ја ставаат во тегла и полеваат со разредена оцетна киселина, масло за јадење, сол, магдонос и лук. Во последно време пиперката ајварка се замрзнува испечена и во секое време кога ќе се посака се вади од замрзнувачот и се подготвува за консумирање со сол, зејтин, оцет, лук и магдонос, или како што струмичани велат „подлучени чушки“.

Ристо Тасев

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK