AMD Strela
River Soft

 

ВНИМАВАЈТЕ СО ПОРОЦИТЕ

ВНИМАВАЈТЕ СО ПОРОЦИТЕ
Објавено на: 29 Nov 2018
Ова е пораката која младите на ООЦК Струмица во рамките на своите традиционални активности и со својот партнер МВР-СВР ја пренесе на цвоите врсници преку врсничките едукатори од Клубот на млади. Младите одржаа низа на предавања во месецот на борба против болести на зависност. -Со овие предавања сакаме да го свртиме вниманието на младите и на целокупната јавност за се поголемата експанзија на алкохолизмот, пушењето и дрогата во светот па и во Македонија.Целта е јасна-подигање на јавната свест и едуцираноста на населението, велат од Клубот на млади при Црвениот крст во Струмица. Алкохолизмот и користењето на дрога како пороци се почесто се користат за да се избегнат барањата на секојдневието но и да се ублажи психичката тензија. Болестите на зависност се актуелен проблем како од медицинска , социјална така и од општествена гледна точка.Затоа почесто треба да укажуваме не штетните последици од нивното користење. Пушењето не треба да се доживува како порок туку повеќе како болест и кон таа болест да се однесуваме со разбирање. За оваа појава треба да се согледа улогата човекот како пушач и заедницата како целина. Со едукација беа опфатени две основни школи: ООУ „Видое Подгорец„ со 28 ученици и ООУ„Никола Вапцаров“ со 25 ученици од 9 одделение. -Секој од нив го „задолживме„ стекнатото знаење да го сподели со своите соученици по пат на дисеминација, додаваат едукаторите.
Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK