AMD Strela

 

Новогодишно-Божикна честитка од градоначалникот на Богданци

Новогодишно-Божикна честитка од градоначалникот на Богданци
Објавено на: 04 Jan 2019

Ми претставува задоволство во мое лично име, во името на општинската администрација, како и од името на Советот на Општина Богданци, да Ви испратам најискрени желби за што подобра Нова Година, посакувајќи во секое семејство да преовладува здравје, љубов, среќа и слога.

Ќе ја искористам оваа честитка да им посакам на сите Христијани од Православна вероисповед претстојниот празник, Раѓањето Христово-Божиќ да го минат во добро здравје, мир и благосостојба. Божиќните прослави нека бидат добра можност  за јакнење на вербата во иднината и надминување на сите несогласувања.

Празничните денови нека донесат Божји благослов во Вашите срца, во домовите и во вашите семејства.

Нека Ви е среќна, весела и бериќетна Новата 2019 година!

Среќни празници!

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK