AMD Strela

 

Браните во Македонија се безбедни и нема потреба од паника

Браните во Македонија се безбедни и нема потреба од паника
Објавено на: 07 Feb 2019

Браните во Македонија се безбедни, потенцираат домашните експерти. Размислувањата за безбедноста на браните се наметнаа поради објави на социјалните мрежи со лажни информации дека брани во Македонија попуштиле, при тоа користејќи го немилиот настан од Бразил за да предизвикаат страв и недоверба на домашното население кон рударството.

Во интервју за ТВ ВИС, професор д-р Љупчо Петковски од катедрата за Хидротехнички објекти на Градежниот факултет при УКИМ во Скопје и претседател на Македонскиот комитет за големи брани објаснува дека браните, како објекти кои се со најголем потенцијален хазард за околината, во голема мера се уникатни и во нивната изградба не може да се има шаблонски пристап како со други градежни конструкции.

Нема простор за паника. Ова е една брана од вкупно 60 илјади брани кои се регистрирани  во светот. Не станува збор за масовна појава на уривање на брани, туку некој инцидент којшто можеби го предизвикал човечкиот фактор и недоволната грижа за објектот, но не ја знаеме сега точната причина. Од еден таков случај не може никако да извлечеме заклучок дека браните се несигурни објекти. Напротив, сметам дека браните како градежни објекти се на повисоко ниво на сигурност од било кој друг градежен објект“, вели професорот Петковски.

При нивната градба се следат препораките Меѓународната комисија за големи брани, која редовно издава технички билтени и огранизира годишни конференции за брани, како и конгреси за брани со цел да се разменат знаења и препораки да се унапредат стандардите за безбедност на браните. Стандардите кои се применуваат во најразвиените земји се применуваат и во Македонија и според Петковски браните во Македонија се на иста мера сигурни како и во најразвиените земји.

„Факторите на сигурност кај овие конструкции секогаш биле издигнати на еден многу повисок праг и воопшто не треба да се грижиме или да имаме некаква паника од постојните објекти од овој тип или од градба на нови вакви објекти“, дообјаснува професорот.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK