AMD Strela
River Soft

 

Училишни униформи за сите ученици во прво одделение во Струмица

Училишни униформи за сите ученици во прво одделение во Струмица
Објавено на: 07 Feb 2019

Општина Струмица обезбеди училишна униформа (маици и дуксерки) за 639 ученици во прво одделение во сите основни општински училишта.

Градоначалникот Коста Јаневски денеска ги посети првачињата во основното училиште „Видое Подгорец“ за да види како им стојат училишните униформи.

-Тоа е едно од ветувањата и мислиме дека е добар гест. Сметавме дека со тоа ќе помогнеме на некој начин на родителите да ги ослободиме од еден дополнителен финансиски трошок и дека е корисно дечињата да имаат убави униформи бидејќи тоа ја поттикнува работната атмосфера, ја зголемува концентрацијата на децата кон работните задачи кои што им се зададени. Денеска ги видовме и мене ми се допаднаа како изгледаат, тие се задоволни, се надевам дека и родителите се задоволни и како и досега и понатаму сите наши ветувања кои што ги дадовме во корист на поквалитетен живот на нашите сограѓани, посебно на овие генерации првачиња кои што се иднина на нашата Општина, треба да ги исполниме и еве се движиме во тој правец. Тендерската постапка максимално транспарентно ја спроведовме, 639 дечиња добија нови униформи, модерни, убави, функционални, јас лично сум многу задоволен, останува тој проект да го продолжиме и во наредната година и размислуваме за некои други слични вакви проекти кои што мислам дека ќе помогнат и на родителите и на децата, рече градоначалникот Јаневски.

Фирмата „Филаделфија“ од Кочани беше избрана како најповолен понудувач во транспарентна тендерска постапка, а за униформите од општинскиот буџет се издвоени 519.981 денар.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK