AMD Strela

 

Вработен во рудник во Радовиш починал од струен удар

Вработен во рудник во Радовиш починал од струен удар
Објавено на: 14 Mar 2019

Вчера во 14.20 часот во Полициска станица Радовиш од Итна медицинска помош било пријавено дека вработен во рудник во Радовиш, А.Р.(59) од село Воиславци, додека изведувал работи на шесткиловатна трафостаница го удрил струен удар, по што починал.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител, трудов инспектор, инспектори од Државен инспекторат за електрика и опрема во рударството и екипа на Полициската станица Радовиш.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK