AMD Strela

 

Академија Пандев ќе ја претставува Струмица во фудбалска Европа

Академија Пандев ќе ја претставува Струмица во фудбалска Европа
Објавено на: 08 May 2019

Со денешните три бодови освоени на стадионот „Кукуш“ во Турнoво против прилепска Победа, Академија Пандев обезбеди историски пласман во Европа, и после долги години струмичани ќе можат повторно да гледат свој тим во европските натпреварувања.

Со освоени 56 бодови Академија Пандев има предност од 13 бодови пред четвртопласираноиот Шкупи на три кола пред крајот на првенството. Струмичани на денешниот натпревар уште на стартот влегоа мотивирани за освојување на три бодови, што значат излез во Европа.

Во текот на целиот натпревар Пандевци беа доминантни и заслужено славеа со 4:0 над прилепслка Победа. Љупче Дориев го отвори реултатот по асистенција на Мишов во 27 минута. Со тој резултат се отиде на одмор, за да во второто полувреме Академија Пандев само ја потврди победата. За само две минути во 54 и 55 минута веќе резултатот беше 3:0 со головите на Томовски и Мишов. Конечните 4:0 ги постави Илиев во 59 минута. До крајот на натпреварот струмичани имаа уште неколку изгледни ситуации за уште поголема победа. На денешниот натпревар кај струмичани дебитираше и резервниот голман Марко Алчевски роден 2002 година.

Наредното коло Академија Пандев и гостува на Ренова.

Aster Fest Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK