AMD Strela

 

Џио Струмица во финалето за одбојкарската титула

Џио Струмица во финалето за одбојкарската титула
Објавено на: 14 May 2019

Со победа од 3:1 против Вардар,по сетови 25:19, 25:21, 26:28 и 25:23, одбојкарите на Џио Струмица изборија пласман во финалето за освојување на шампионската титула.

Вечерва во Струмица шампионот не им дозволи на „вардарци“ да се разиграат како на вториот натпревар во Скопје, кога славеа со 3:0. По водството на Џио Струмица од 2:0 во сетови, скопјани намалија на 2:1, освојувајчи го третиот сет на разлика. Опасно се заканија и во четртиот сет, но шампионот не дозволи изненадување и со добра игра во финишот на сетот се избори за финале против екипата на Шутова од Кичево.

Финалната пресметка почнува почнува претстојниот викенд. Титулата ќе му пропадне на тимот кој ќе дојде прв до три победи, односно на момчињата на тренерот Кире Ричлиев им се потребни две победи. бидејќи веќе  водат со 1;0 во победи бидејќи по регуларниот дел од првенстото беа првопласирани.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK