Денеска Секторот за внатрешни работи Струмица до Основно јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Д.К. (29) од село Баница, струмичко, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот закон, сопштија од струмичката полиција. На 08.08.2021 година околу 11:30 часот, Д.К. движејки се пеш по магистралниот пат […]
Tags : Пожар
Утрово во 03:00 часот во село Ново Село, ТППЕ Струмица со 4 против пожарни возила и 10 пожарникари спасители интервенираше на гаснење на запалена пилана со погон за производство на столови. Пожарот е целосно локализиран и ликвидиран околу 06:00 часот. Причинета е голема материјална штета.
Денеска ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители во атарот на село Едрениково интервенираше на гаснење на запалена сува трева и нискостеблеста шума со површина од околу 1 хектар. Пожарот е навремено и успешно локализиран и ликвидиран.
Вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во двор на училиште во село Ново Село, струмичко, каде била поставена цистерна за гориво, која се користи за затоплување, настанал пожар, информираа денеска од МВР. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Струмица. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа и инспектор од […]
Денеска во 07:11 часот во село Добрејци, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 5 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалена куќа. При пребарување на вториот кат во една од просториите е најдено лице паднато во бесознание поради густиот чад. Лицето е извлечено и е извршена реанимација по што е предадено на екипа […]
Попладне во 15:45 часот во месноста Софилар, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и тројца пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалена сува трева и трски. Опожарена е површина од околу 0.5 хектари. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран
Утрово во 06:30 часот во село Куклиш, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 9 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалено товарно возило полно со картонска амбалажа. Опожарен е товарниот дел од возилото и самиот товар.
Денеска почна расчистувањето на остатоците од големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал“. Екипи на ЈПКД „Комуналец“, под раководство на директорот Зоран Горгиев, со специјализирани машини за чистење и возила за подигање на сметот ги расчистуваат остатоците и ги вадат пред влезовите на „Глобал“ каде се товарат во камионите. Според најавите од директорот Горгиев расчистувањето треба […]
Со цел за брза и координирана акција, денеска, на иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски е формирано Координативно тело во кое членуваат претставници од сите релевантни општински и државни институции и претпријатија, како и претставник на Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап“, за справување со последиците од пожарот во Трговскиот центар […]
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица од 10:00 часот утринава го започна увидот на самото место во ТЦ „Глобал“, каде ноќта на 2 јануари изби пожар, соопштија денес од Јавното обвинителство. -Неопходни услови за вршење на увид се создадоа денеска поради предупредувања за можни повремени пожари дадени од Дирекцијата за заштита и спасување и […]