fbpx

Tags : сообраќајка

Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка во Богданци

Вчера околу 04:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот. Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20), сите од Богданци, […]

Две лица се повредени во сообраќајка кај Баница

Во сообраќајна несреќа која се случи околу 11:00 часот кај селото Баница две лица се повредени и се пренесени на лекување во стрмичката болница, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска. Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил и запрежно возило. Регионалниот патен правец Струмица-Баница- Вељуса моментно е затворен за сообраќај, а полицијата врши увид на местото […]

Тројца повредени во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село

Вчера во 09:45 часот на магистралниот пат А-4 Струмица- Ново Село, на делница од село Босилово до село Турново се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(34) од с.Иловица и паркирано патничко моторно возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на З.С.(45) од село […]

Радовишанец загина во соообраќајка на патот Струмица-село Просениково

Вчера во 15:00 часот било пријавено дека на локалниот пат Струмица –  село Просениково,  патничко возило „ауди А4“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58) од Радовиш, излетало надвор од коловозот. Возачот починал на местото на незгодата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од СВР Струмица. 

Тројца повредени во синоќешната сообраќајка кај Муртино

Три лица се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на влезот во селото Муртино, во која учествувале трактор и автомобил „мерцедес“. Од тракторот се повредени двајца, а повреден е и возачот на „мерцедесот“. Повредените се пренесени на лекување во струмичката болница.

Мотоциклист од Петралинци потешко повреден во сообраќајка во Дабиле

Завчера во 21:00 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пијаџо“, со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(44) од село Петралинци, струмичко, и патничко возило „опел корса“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К. (32) од село Дабиле, струмичко. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил […]

Двајца потешко повредени во сообраќајка на крстосницата за Василево

Вчера во 00.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4 Струмица-Радовиш, поточно на крстосница за село Василево, се случила сообракајна незгода помегу патничко возило „ауди“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Ј.В. (18) од село Василево, патнилко возило „бмв“ со англиски регистерски ознаки, управувано од Ѓ.Д. (25) од село Ангелци […]

Жител на Двориште загинал во сообраќајка

Вчера во 21:45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Костов мост“, товарно моторно возило „застава 8310“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.М.(54) од сeло Двориште, беровско, излетало од патот. На местото на настанот починал А.М. Извршен бил увид од екипа на  Полициската станица Берово. Извор: МВР-билтен

Мотоциклист и сопатник повредени во сообраќајка кај Радовиш

Вчера во 16:00 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип, кај клучка Радовиш, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха YZF R-6“ со швајцарски национални ознаки, управуван од Н.Б.(26) од Радовиш и товарно моторно возило „мерцедес 970“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(31) од Штип. По незгодата Н.Б. и неговиот сопатник С.М.(23) од с.Ињево, радовишко, биле […]

МВР со детали за вчерашната сообраќајка во Струмица

Вчера во 16:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Маршал Тито“ во Струмица, патничко возило „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.В.(49) од Струмица, удрило во З.Ѓ. (60) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.Ѓ. и била пренесена во Медицински центар Струмица за укажување на […]