AMD Strela

 

Општината ќе го реализира проектот „Струмица грижлив град“

Општината ќе го реализира проектот „Струмица грижлив град“
Објавено на: 01 Dec 2018

Ќе го имплементираме проектот „Струмица грижлив град“ чија цел е помош на луѓе кои што се немоќни и се во поодмината возраст и имаат потреба од нега, изјави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски по средбата со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

-Тоа практично значи да им го олесниме нивниот живот и нивната улога во нашето општество. На средбата со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, разменивме добри искуства и идеи и веднаш ќе се зафатиме со решавање на овие проблеми и набрзо ќе има конкретни решенија за пристапот кон овие луѓе. Сметаме дека овој проблем ќе го решиме или олесниме надвор од институциите што за мене значи еден посовремен пристап во оваа проблематика, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Ќе го имплементираме проектот „Струмица грижлив град“ чија цел е помош на луѓе кои што се немоќни и се во поодмината возраст и имаат потреба од нега, изјави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски по средбата со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK