AMD Strela

 

Од сообраќајка кај Дабиле три лица донесени во струмичката болница

Од сообраќајка кај Дабиле три лица донесени во струмичката болница
Објавено на: 07 Feb 2019

На излезот од село Дабиле кон село Босилово денеска во 13:55 часот се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила-два автомобили и комбе.

Според првичните нформации полесно се повредени три лица, две девојчиња и една повозрасна жена. Тие се донесени во струмичката болница и според лекарите девојчињата немале видливи траги од повреди, а жената имала помала повреда на коленото.

На местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и екипа на полицијата, а сообраќајот кон Ново Село и македонско-бугарската граница е во прекин.

Фото:Архива

Aster Fest Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK