AMD Strela

 

Општина Струмица успешно ги помина проверките на ИСО стандардите

Општина Струмица успешно ги помина проверките на ИСО стандардите
Објавено на: 11 Apr 2019

Општина Струмица успешно ги помина обновителната проверка на стандардот  Систем за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ИСО 9001:2015 и  редовната проверка на стандардот Систем за управување со животната средина согласно барањата на стандардот ИСО 14001:2015. Сертификацината проверка ја вршеше тим на проверувачи од словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ во сите организациони единици на општина Струмица.

Според Томислав Андреев, координатор на тимот на раководството на Општината, при проверката, сите вработени во општинската администрација покажале висок степен на професионалност во примената на стандардите.

„При оваа сертификациона проверка, тимот на проверувачи од словенечкиот институт констатираше успешна примена на стандардите и потврди позитивни параметри во однос на владеењето со Системот за управување со квалитет и Системот за управување со животната средина, добро владеење со документацијата, конзистентност и зголемување на обемот на работење, реализација на стратешките цели на општината и тенденција за постојано подобрување“, изјави Андреев.

Струмица е прва општина во Република Македонија која во 2007 година го воведе стандардот за квалитет ИСО 9001:2008 и 12 години успешно го спроведува стандардот ИСО 14001:2004 за управување со околината.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK